ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се отвора нов пункт за КОВИД-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците

October 27, 2020 08:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово, во 7:30 часот, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за правење КОВИД – тестови со што ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање. Во текот на денот, пак, ќе се знае дали ќа поминат законските измени кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22:00 часот (паркови, јавни површини), како и ограничување на бројот на гости во домовите на максимум четворица.

Како што најавија министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, се планира и отворање пункт за корона-тестирање во Ѓорче Петров, а до крајот на неделава ќе се знае и дали ќе може да се прават КОВИД тестови во приватните лаборатории, на сметка на Фондот за здаравствено осигурување.

Последниот, вчерашен корона-биланс е 247 нови случаи, 321 оздравен пациент и 15 починати. Здравствениот систем, иако оптоварен во сите сегменти, има капацитет да се справува со ситуацијата, но мора и граѓаните да помогнат со своето однесување – да бидат совесни и максимално одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на останатите, апелираа Филипче и Караџовски.

Токму измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести кои денеска се пред пратениците, се во насока на спречување на ширењето на коронавирусот без воведување ригорозни мерки како што е полициски час.

Против полициски час е и министерот Филипче.

-Законот за заштита на населението од заразни болести е во собраниска процедура и верувам дека сите пратеници, свесни за тежината на ситуацијата во која се наоѓаме, брзо ќе го изгласаат. Во овој момент сметаме дека дополнителен пакет и некоја друга форма на мерки не треба да се имплеметираат, ниту да се препорачуваат. Верувам дека законот ќе се донесе за да избегнеме полициски час. И тоа се мерки кои практично имитираат полициски час. По 23 часот ништо нема да работи и граѓаните нема каде да одат, рече  Филипче.

Целта е, напомена, да се избегне групирањето и да се носат маски.

-Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет мерки кои можат да имитираат полициски час се речиси секаде во сила, нагласи Филипче.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со останатите опозициски партии Алијанса и Алтернатива и Левица, вчера поднесоа Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка со кој бараат формирање посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија која ќе биде формирана од страна на Собранието и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ковид-ситуацијата.

Министерот Филипче и д-р Караџовски уште еднаш повикаа граѓаните строго да се придржуваат до заштитните мерки и да излегуваат само ако навистина имаат потреба.

– Тестови, лаборанти, дијагностика, статистика и администрација има. Нема потреба да се создаваат редови и гужви. Можеме во секој момент да направиме до 2.000 теста.  Имаме поставен базичен систем во јавното здравство кој функционира од март до сега. Бројот на тестови сукцесивно се зголемува, од 200-300 на 2000. Функционираме со натчовечки напори, со ротирање и прераспределување. Финансиски ќе издржиме, спорно е само кога здравствените работници ќе паднат, рече д-р Караџовски и додаде дека од минатата недела 50 студенти од петта и шеста година на Медицинскиот факултет се вклучени во процесот и прават епидемиолошки анкети.

За утре е закажан состанок со сите 56 приватни интернисти во државата кои имаат договор со Фондот, за да се вклучат во системот на дежурства во сите болници каде се лекуваат заболените од КОВИД.

-Се соочуваме со силен бран на КОВИД-19. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво во болницата во Козле, каде има 40 кревети и кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови, истакна Филипче.

Се обезбедија, рече, и дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции.

-На дневно ниво 150 повеќе тестови во Институтот за јавно здравје, 100 односно двојно повеќе во Центарот за јавно здравје, што го обезбедуваме со лекар микробиолог, кој ќе работи и втора смена и 100 во лабораторијата во болницата во Козле. Значи 350 повеќе тестирања во текот на денот. Почнуваме уште една паралелна постапка, сега многу забрзано со скратени рокови за што чекаме мислење од Бирото за јавни набавки за брзите тестови, за да имаме една количина која може и порано да стигне во однос на тоа што иницијално го почнавме. Во однос на најавената помош од НАТО, 60 респиратори и лична заштитна опрема ќе пристигнат во земјава во петок, после што соодветно ќе бидат распределени во јавните здравствени установи, подвлече министерот и дополни дека наскоро се очекува потпишување на посебниот договор за набавка на лекот „Ремдесивир“.

Над 85 проценти од досега починатите од КОВИД биле со коморбидитети. Во просек, 80 отсто од сите регистрирани корона-случаи се асимптоматски или со многу лесна клиничка слика. Околу 12 до 14 проценти имаат лесно изразени симптоми, а два до четири отсто завршуваат на Клиника најчесто со воспалителен процес на белите дробови или некој друг коморбидитет што ја усложнува здравствената состојба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Велика Британија 20.890 новозаразени, починале 102 лица – Нотингем во највисоко ниво на тревога

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk