„Ако Никола Груевски не му испрати полномошно на адвокатот Дончо Наков или на некој друг адвокат, тогаш судот ќе му назначи адвокат по службена должност и судењето за „Талир 2“ за криминалот со имотите на ВМРО ДПМНЕ ќе може да започне, иако очекувано е дека веднаш на следното судење адвокатите на Груевски и на Кирил Божиновски, заедно обвинети во предметот со уште тројца (шестиот ја призна вината), ќе настапат со стратегија за ново одложување и така до недоглед, како примерот со „Талир“ каде десетина пати процесот се одложува, се додека судот не стане построг и не започне поефикасно да ги организира и спроведува судењата за предметите на СЈО. Двата споменати предмети се кристиално јасни што се однесува до доказите и до вината на обвинетите.
Во „Талир 2“ кој се однесува на криминалната изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ постои експлицитна писмена комуникација помеѓу Груевски и Божиновски, но постојат и два документа кои во СЈО ги сметаат за цврст материјален доказ кој двајцата ќе мора да ги однесе во затвор – Договор за пренесување право на градба и Договор за регулирање права и обврски помеѓу партијата и „Бетон“ кои се спротивни на Законот за финансирање на политичките партии и Законот за облигациони односи.
Во другиот случај „Талир“ каде покрај Груевски и Божиновски, обвинети се и Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски, обвинителите како доказ го имаат признанието на Елизабета Чингаровска, која беше исто така обвинета, а потоа и осудена на условна казна, но и исказите на стотици сведоци од ВМРО ДПМНЕ чии имиња беа злоупотребени како партиски донатори…“, Љубиша Арсиќ.
Каде оделе украдените пари, кој имот е купуван и како Груевски ја направи партијата најбогата во Европа- прочитајте во истражувачката сторија на новинарот Љубиша Арсиќ, за Нова ТВ – тука.