Банкротот на хотелиерскиот гигант „Томас Кук“, ќе предизвика огромни штети, а поготово во Грција.
Грција беше третата најголема дестинација на туристичката компанија „Томас Кук“, која само минатата година однела 2.8 милиони Британци во Грција. Проценките на загубите поради банкротот, кои ќе ги претрпи грчката економија се движат од 250 па се до 500 милиони евра.
Ако се знае дека Туристичката индустрија на Грција, во бруто домашниот производ учествува со 23%., ова е тежок удар за Грција, поготово кога земјата штотуку почна да се рехабилитира од финансиската криза која ја зафати во 2010 година.
Околу 600 илјади туристи во моментот на банкротот на „Томас Кук“, се директно затечени и заглавени на своите патувања, од кои најголем дел се во Грција, Турција, Кипар и Канарските острови.
Британската влада организирала превоз на над 150 илјади британски туристи, за да се вратат во своите домови.