ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дебата на Топ тема – Советникот на Мицкоски за социјала без одговори на бројките и прашањата на министерката Царовска

За Царовска е неприфатливо да се зголеми старосната граница за пензионирање

November 16, 2019 10:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашање: Првиот дел од дебата, за дополнителното зголемување на пензиите. Тоа дополнително зголемување на пензиите секако дека го отвора и прашањето за стабилноста на Фондот за пензиско. Особено ако се слушнат и тврдењата, односно реакциите во јавноста дека ова го правите предизборно, бидејќи се покажа дека пензионерите се добро гласачко тело, кое што и претходната Влада практично пред сите избори кога имаше ги зголемуваше пензиите. Дали сега и вие по тој тек тргнавте? Тука претпоставувам вашиот одговор ќе биде: Расте минималната плата, расте просечната плата, имаме основа. Но зошто тогаш не ги вклучивте овие основи тогаш кога ги правевте реформите?

„Пензискиот систем е навистина важен систем во нашата држава, и можам да кажам дека сум единствен министер коишто додека е на власт а не во опозиција, зборуваше за стабилност на пензискиот систем и како тоа треба да направиме реформа за да тој биде поефикасен, да ги постигнува целите, а тоа е: Да исплаќа пензии во моментот, да прави заштеда со реформата, дополнително да е спремен да го издржи периодот кога ние ќе треба, „Јас и Лазар да земаме пензии“ и тоа го направивме. Покажавме дека со реформа која што почна да се имплементира на почетокот на ова година, успеавме да заштедиме 3 милијарди и 700 милиони, и со тоа ја намаливме дупката од 19 милијарди на 15 милијарди, дополнително тоа што можам да го кажам е дека: Со оние политики коишто 10 години биле спроведувани, од 2006 год, каде што процентот дефицит во ПИОМ е 8 %, достигнува до 2017 год, на 29 %. Ние за две години тој процент на дефицит ви ПИОМ го спуштаме на 21 %“, рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска синоќа во Топ тема на Телма изјави дека од Светска банка за стабилизација на пензискиот фонд им било укажано дека треба да се зголеми старосната граница на одење во пензија како и замрзнување на пензиите.

„Јас одлучив дека не е прифатливо ниту едното ниту другото, за мене тоа е нечесна и несоодветна политика. Наместо тоа направив друг систем преку кој се стабилизира пензискиот фонд и се намалува дефицитот во истиот“, изјави Царовска.

Вели дека успеале да заштедат 3 милијарди и 700 милиони денари, а дупката во фондот ја намалиле од 19 милијарди на 15 милијарди денари.

„Дополнително ме прашавте дали ова е пред избори? „НЕ“, ова беше најавено кога ги имавме првите параметри за раст на економијата во нашата држава, и тоа го најави премиерот во јули 2019 година, кога воопшто никој не дискутираше за избори, и кога воопшто не се ставаше на агенда ова како прашање. Но пензиите треба да растат во моменти кога се зголемува приходот кај работоспособното население. Ние факт ја зголемивме минималната плата за 15 %, и факт, просечната плата за две години пораснаа за 5 %“, рече Царовска.

Лазар Јовевски, претеседател на Комисија за труд и социјала во ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не е стабилен зошто треба да има ситуација 1:3, односно на еден пензионер тројца вработени, а сега ситуацијата е 1 пензионер, а 1,8 вработен. Во оваа ситуација, додаде тој, треба да се задржиме на три поенти, прво, финансиска одржливост на системот, второ, опфатот колкава ќе биде старосната граница и трето, визија, програма во која насока ќе оди реформата на пензискиот систем.

„Сите индикатори покажуваат дека на долг рок ПИОМ има проблем. Покачувањето на пензиите најчесто се сведува на ретокрика дека е симболично. Вие пред избори велевте дека вашата визија е зголемување на десет проценти на пензиите секоја година, во овој контекст се изненадив и видов дека ако тоа се исполнело ќе требало да се исплатат 5 милјарди денари заклучно со месецов“, рече Јовевски.

„Многу е жално што домашната работа Лазе не ти е напишана како што треба. Ако ја погледнеш програмата за „Живот“ со оглед на тоа што таа е јавно достапна, граѓаните можат да проверат, стои за Пензискиот систем „токму она што денеска го правиме“ ништо поразлично, ништо повеќе, ништо помалку, рече Царовска.

Next Post

Судството гласно за платите, молк за неефикасноста и застарувањето на предметите

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk