ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трампизмот е значајно искуство за Америка и за сиот свет

November 8, 2020 14:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ФРОНТ

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Честитки за Бајден.

Трампизмот е значајно искуство за Америка и за сиот свет.

Тоа е доктрина во која некомпетенцијата, вулгарноста и менталниот скок зад хоризонтите на пристојноста и нормалноста, се спојуваат со амбициите на еден човек во еден потег да ги уреди општите работи во својата земја и во светот, не надградувајки го искуството на луѓето и системите, од 200 или 2000 години, туку уривајки ги во прав и пепел. Под обвинение дека се главна причина за несреќите на човештвото. И на луѓето кои во одреден стек на околности му ја предаваат својата судбина и судбината на заедницата на првиот лудак кој ќе им покаже дека ги исполнува горните критериуми. Катастрофата е неизбежна. Поголема е веројатноста да си ја измиете косата во растопено железо, отколку со типови како Трамп да ја допрете макар и најниската ѕвезда од возбудливата тралала програма на лудакот. Тоа е. Нема волшебни решенија. Само работа, трпение, надеж, истрајност,солидарност. Ние го поминавме тоа страшно искуство со идиотот од Будимпешта, но се уште не ни доаѓа памет во глава затоа што истата таа кретенска доктрина на општата деструкција и хаос и денеска ја третираме како политичка алтернатива. Жмицко не се симнува од екраните со своите рецепти како од падот на Заев да направиме храна за наредните сто години.

Будала.

Во оваа светло јас ги следев американските избори.

Со неверојатна возбуда, признавам.

Победата на Бајден ја доживеав како ослободување од една смртна закана.

Заразна закана која беше почнала да се шири низ светот како вирусот корона во некоја уште поубиствена мутација

Ја доживеав како нова надеж за светот.

И за нас во Македонија.

Се надевам дека санирајки ги последиците од трампизмот во Америка, ќе ни помогне да ги санираме последиците од балканската модификација на трампизмот која се вика вмровизам. Како тоа проклетство да го пропадиме како најстрашна чума од нашата убава земјичка. Да, и овие глупави блокади да ги тргнеме од пругата кон Брисел.

Честитки господине Бајден.

Ви посакувам успешни два мандата.

 

Next Post

Телефонски разговор на Заев и Борисов за изнаоѓање решенија за билатералниот спор

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk