ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Консултација на министерот Бесими со стопанските комори за подготовка на Предлог-буџетот за 2021 година

November 9, 2020 18:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Наредната година очекуваме да биде година на економско заздравување, при што Буџетот за 2021 година треба да претставува основа за долгорочен раст, побрз од оној досега, што ќе се постигне преку развој на човечките ресурси, зајакнување на конкурентноста на компаниите и владеење на правото, како и подигнување на капацитетот на институциите, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со претседателите на стопанските комори во земјава одржана по повод подготовка на Предлог-буџетот за 2021 година.

Како што соопшти Министерството за финансии, Бесими со претставниците од коморите – Бранко Азески од Стопанска комора на Македонија, Неби Хоџа од Комората на Северозападна Македонија и Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори, дискутираше за планот за економски раст во чии рамки е дизајниран и Предлог-буџетот за 2021 година, како и за мерките од четвртиот пакет-мерки што треба да се спроведат во наредниот период, а преку чие спроведување ќе се поддржи растот на економијата.

– Поддршка на здравствениот сектор е првиот приоритет, којшто е пресликан во Предлог-буџетот за 2021 година. Втора цел е економско заздравување, преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места. Следно, во Буџетот се предвидува во текот на наредната година да почнеме да се фокусираме колку што е можно повеќе, на политики коишто ќе поддржат инвестиции за зголемување на конкурентноста и политики коишто ќе поддржат реализација на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи одржлив раст односно забрзување на стапката на растот, нагласи Бесими.

Тој воедно посочи дека се работи на механизми за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции и развојните проекти, при што ќе биде воведена методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст.

Во однос на четвртиот пакет-мерки, како што се наведува во соопштението, особено беше ставен акцент на државната гарантна шема, новите сто милиони евра за микро, мали и средни претпријатија како и на укинувањето на парафискалните давачки, а коишто треба да се имплементираат во текот на целата наредна година.

– Преку државната гаранција и царинска гаранција коишто ќе се издаваат преку Развојната банка, ќе се обезбеди полесен пристап до финансиски средства кои се пласираат од страна на комерцијалните банки за поддршка на приватниот сектор, како и гаранција за царинскиот долг за увоз на суровини коишто се користат за производство на готов производ наменет за извоз. Целта на гарантната шема е поддршка на ликвидноста на компаниите, нивната конкурентност и извозот. Во насока на обезбедување свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз се и новите сто милиони евра од ЕИБ што ќе се пласираат преку Развојната банка. Во текот на 2021 година ќе се спроведува и мерката за укинување на парафискалните давачки, се со цел намалување на одреден дел од товарот на компаниите, рече Бесими, потенцирајќи дека овие мерки значително ќе влијаат на конкурентноста на компаниите и зголемувањето на вработеноста.

Од стопанските комори ги поздравија заложбите на Владата за справување со економската состојба и повикаа на побрзо спроведување на истите со цел подобро справување со економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, се додава во соопштението.

Next Post

Масовното тестирање во Словачка за половина ја намали стапката на инфекција со коронавирус

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk