Камион со македонски регистарски ознаки се преврте изутрина во 08:30 часот на автопатот Ниш – Белград, кај Алексинац, поради што сообраќајот на патниот правец е во прекин, соопштија од Јавното претпријатие за патишта на Србија, пренесува МИА.
Според полицијата, возачот на камионот со прва помош е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, но не е позната неговата здравствена состојба, јави дописникот на МИА од Белград.
Засега не е познат идентитетот на возачот, ниту причината за сообраќајната незгода.