Во трка за искористување на секаков случај за дневно-политичко поентирање, ВМРО-ДПМНЕ го направи следниот скандал кој, овој пат е и смешен и сериозен за општата ситуација во земјава.
Иако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје соопшти дека двајцата обвинети во “Монструм”, се уапсени и во притвор, ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение шири лажна вест обвинувајќи дека Агим Исмаиловиќ избегал од судските простории. Во соопштението се оди до таму што бараат и оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кого го обвинуваат дека свесно или од неспособност дозволил такво бегство.
“Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење”, се вели во соопштението на партијата на Христијан Мицкоски.
Меѓу другото, оваа партија продолжува и со кршење на пресумпција на невисност, именувајќи ги обвинетите како” убијци”, иако се уште нема судска одлука, а предходните одлуки веќе биле поништени од Врховниот суд.
А. Зеќири