ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Речиси илјада заболени и 13 починати од Ковид-19 вчера во Косово

November 13, 2020 18:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Во Косово во минатите 24 часа продолжи неколкунеделниот тренд на пораст на бројот на заболени и починати од Ковид-19, со 963 нови заразени и 13 пациенти кои подлегнаа на болеста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително вчерашните случаи, досега во земјата се потврдени вкупно 27.851 носител на коронавирусот и 798 жртви на пандемијата.

Последното деноноќие како излекувани од заразната болест се евидентирани 177 пациенти, со што бројката на лица кои ја совладале болеста достигна 16.862.

Според официјалните податоци на здравствените власти, бројката на активни носители на вирусот во Косово за прв пат надмина десет илјади и моментно изнесува 10.191.

Вкупно од почетокот на пандемијата, вклучително вчерашните 2.056, во лабораторијата за микробиологија на ИКШПК и во овластените приватни клиники се извршени 115.794 тестови.

Поради, како што ја оцени Владата, мошне тешката состојба со заразата, од вечерва во земјата стапуваат во сила нови мерки за заштита од ширењето на епидемијата, меѓу кои е карантинот и полицискиот час во општините со најголем процент на заразени.

Жартиште на епидемијата е главниот град Приштина, во кој досега се потврдени речиси десет илјади носители на коронавирусот. 

Next Post

Повторно над 3.000 нови случаи во Грција

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk