ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Убијците и жртвата, неизвесна трка со лажни вести од белата палата, расипаниот политички фотокопир, и јас сум Метаморфозис…

Среде војната со вирусот, антиевропските структури, националистите и криминалците грчевито се борат за политички поени, а секако и за бегство од правдата. Таа нивна борба, валкана, со удари под појасот, станува уште повидлива, како свежо капнат измет од чавка на шофершајбната, а вие само што сте излегле од авто перална.

November 14, 2020 14:14
in ESPRESSO, ZOOM IN, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ИНДИЈАНА ЏОНС Измина уште една недела на црна пропаганда и лажни вести. Во џунглата од дезинформации и Фејсбук експертизи и политикантство, човек некогаш треба да биде Индијана Џонс за да дојде до едноставни информации и вести. Владее општа психоза поради повторената, уште пожестока КОВИД-19 наезда во светот и кај нас. Среде војната со вирусот, антиевропските структури, националистите и криминалците грчевито се борат за политички поени, а секако и за бегство од правдата. Таа нивна борба, валкана, со удари под појасот, станува уште повидлива, како свежо капнат измет од чавка на шофершајбната, а вие само што сте излегле од авто перална.

РАСИПАН ПОЛИТИЧКИ ФОТОКОПИР Вмровците, дадоа сé од себе да го дискредитираат предизборното коалицирање на СДСМ со партијата Беса, се разбира, со вбризгување енормни дози отрови во јавната комуникација пред и по предвремените парламентарни избори што се одржаа во јули годинава. Да, изборите што ги изгубија и за кои раководството очигледно нема намера да понесе одговорност пред членството. Ете, тие вмровци, деновиве го следат примерот на СДСМ (ги копираат) и влегуваат во коалиција со албанска партија, исто како и нивните опоненти. Како тоа ќе го објаснат на своите членови, хард-кор националисти, не знаеме, но веројатно повторно ќе се потпрат на слепата послушност во редовите на своето членство што ја негуваат со децении.

УБИЈЦИТЕ И ЖРТВАТА На повидок е коалиција меѓу вмровците и Алијансата за Албанците. Не е ни ново, ни чудно за некои политичари да прибегнуваат кон политички маневри што ја надминуваат логиката. Мотивите за овој маневар се прилично очигледни, иако за здравиот разум се неприфатливи. Партијата, чии функционери и јавни експоненти беа и сé уште се дел од мрачна, деструктивна националистичка кампања (со децениска историја на болеста) и беа дел и од обидот за државен удар во април 2017-та, сега коалицира со оние што сакаше да ги убие, буквално. Да биде појасно: вмровците за малку го убија Зиадин Села. Со други зборови, убиецот и жртвата се на добар пат да бидат заедно. Ете, и тоа е… политика…

И ЈАС СУМ МЕТАМОРФОЗИС Назадните политички структури и нивните медиумски прислужници започнаа кампања против вработени во Фондацијата ,,Метаморфозис”. Манирот е добро познат – со ад хоминем напади (лично), со фотографии како потерници, повикуваат на јавен линч, егзекуции… Нема сомнеж дека се работи за организирана кампања. И додека другите молчат, извесно е дека во партиското црно тефтерче за „спружување на насловна“ ниту започнува, ниту завршува со тимот на „Метаморфозис“. Така и ќе продолжат овие злосторнички здруженија, како што во својот ФБ статус точно ги опиша колегата Филип Стојановски, бидејќи нема организиран одговор од јавноста, а уште помалку од институциите. Но! Како што порано велевме „И јас сум Шарли Ебдо“, така и денеска ќе кажам „И јас сум Метаморфозис“. И на секоја нивна наредна кампања против моите другарки и другари, ќе одговорам на истиот начин.

НЕИЗВЕСНА ТРКА Битката меѓу Мицкоски и претендентите на вмровскиот престол во белата палата продолжува. А продолжува и натпреварот меѓу Мицкоски и неговите внатрешни опоненти кој ќе смисли поголема лага што ќе ја пласира во јавноста. Така, Татиниот Математичар се појави со нова лажна вест за бегството на Смаиловиќ од судница (во притворот во Шутка е обвинетиот во случајот „Монструм“). Грижливо се бираат темите и пораките во продукцијата на лажните вести, се вложува труд за да се поттикнат емоциите, да се внесе страв, поделби, омраза… Како и да е, со оваа лажна вест, Мицкоски сега е во блага предност пред својот сопартиец Милошоски. Трката е неизвесна.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk