ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Нема разговори за идентитетот, ниту за македонскиот јазик којшто е основата за нашиот идентитет

November 17, 2020 23:35
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за ТВ 21, премиерот Зоран Заев даде свое толкување за односот на Бугарија кон нашата земја, а тоа е дека таму се ближат избори. Затоа, според Заев, потребно е да се даде шанса до самиот крај, да се разговара, бидејќи, како што рече, верува дека, сепак, е можно да се постигне решение.

„Ние друга алтернатива немаме освен нашиот европски пат, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и ќе продолжиме по тој пат. Јас се надевам искрено дека тоа ќе биде уште сега, до крајната можност, а тоа е декември 2020, за време на германското претседателство“ – изјави тој.

Заев изрази длабока благодарност до Германија и до ЕУ: „Многу сум благодарен сум за тоа што го прави Германија на чело со канцеларката Меркел и министрите Рот и Мас и верувам дека и Европската комисија, комесарот Вархеји, претседателката на ЕУ – прават напори. Јас имав позитивен разговор и со претседателката фон дер Лајен, каде што договоривме да продолжат средбите во одредени формати. Ние сме спремни да продолжиме во тие формати, заради тоа што не се истрошени сите можности со денешната седница на ГАК или советот на министри. Ќе продолжиме со разговори.“

„Во државата патот е тој, патот по кој чекориме. Реформите продолжуваат, прочистување на правосудството е почнато, почнуваме со реформите во образованието, продолжуваме со сите други реформи кои се важни, пред сé, економските реформи во државата, иако се бориме како и секоја земја со Ковид. Ние друг пат немаме“ – изјави Заев за ТВ21.

„Наградите кои ги добив на Конференцијата за безбедност во Минхен, вчера во Берлин, од Австрија наградата… сите награди кои ги добивме и од регионот и од ЕУ, сами по себе потврдуваат дека сме европејци, со европски манири“ – рече Заев, потенцирајќи дека реформите во нашата земја се потврдени преку годишните извештаи на ЕК и изрази верување дека она што следува во процесот, како за сите, така и за нашата земја, ќе адаптирање кон европското законодавство.

Во поглед на идентитетските прашања кои ги отвори бугарската страна, премиерот Заев изјави: „Ние сме сигурни во својот идентитет. Македонците и македонскиот јазик се непобитен факт и нема мрдање. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на било какви преговори тој е потврден со европската конвенција за човекови права, универзалната декларација за човекови права. Тоа е правото на самоопределување кое е гарантирано со повелбата на ОН и на крајот Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ, ги почитува и презема темелните вредности кои се утврдени со правото на самоопределување.“

„Бугарија вели – ние ја признаваме реалноста и прифаќаме на постоење на Македонци и македонски јазик, но дајте да се вратиме на историјата и да ги видиме историските факти. Знаете, во едни такви околности, ние имаме досега договорена билатерална норма, таа е договорена 99-та година, во 2017-та со Договорот за пријателство и добрососедство. Ние ним и тие нам се обраќаа на македонски јазик согласно уставот на Република Северна Македонија и бугарскиот јазик согласно уставот на Република Бугарија. Нема разговори за идентитетот, ниту за македонскиот јазик којшто е основата за нашиот идентитет“ – категоричен беше премиерот.

„Разговорите се однесуваат на тоа што тие не се задоволни во делот на почитувањето на историјата од двете страни на границите. Знаете, прво, историјата е работа на историчарите политичарите не разговараат за историски прашања. Политичарите може да охрабрат историски комисии на кои се разговара, впрочем, со големи успеси досега. Пет историски личности , три историски периоди, еве и следните се на повидок на договарање врз основа на историски факти“ – истакна Зоран Заев.

Next Post

Заев: Не ми треба Мицкоски за да се скарам со Бугарија, може да се скарам и сам, но кавги не требаат туку решенија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk