ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јеремиќ: Бугарското вето за С Македонија е скандалозно и трагична порака за регионот

November 18, 2020 09:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на српската опозициска Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека бугарското вето на патот на Северна Македонија кон ЕУ е „скандалозно“ и дека тоа може да има последици по европската интеграција на целиот регион и ја повика ЕУ да го поддржи јужниот сосед на Србија во тој процес, јави допсиникот на МИА од Белград.

– Северна Македонија, заради ветувањето за европска иднина, на инсистирање на Грција, се согласи да го смени дури и името на земјата, а сега Бугарија бара од неа да се понижува со тоа што ќе се согласи со тврдењето дека нејзе има да и заблагодари за својот јазик и култура. Тоа е драматична порака што во голема мера може да ја релативизира европската мантра за добрососедски односи, изјави Јеремиќ на сесијата на Варшавскиот безбедносен форум „Стратешко ривалство? ЕУ, Русија и Кина на Западен Балкан “, што се одржа преку видео конференциска врска.

Според Јеремиќ, сега противниците на европскиот пат на Србија би можеле да кажат „погледнете што им се случи на Македонците, кои поради Грција го сменија името на државата, за потоа да ги дочека уште постешко барање од Бугарија, така ќе ни се случи и нас ако заради ЕУ попуштиме на Косово и Метохија, ќе ни испостават нови барања во врска со Босна и Херцеговина“.

Јеремиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Србија и претседател на Генералното собрание на ОН, оцени дека Србија е „заглавена на патот кон ЕУ“ и дека нема да има напредок додека на власт е Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС).

– Србија денес е единствената земја во регионот што нема опозиција во Парламентот, а во Европа, таква состојба е уште само во Белорусија. Вучиќ има мнозинство од над 90 отсто пратеници во Парламентот, но за жал и понатаму добива честитки од некои европски лидери, кажа Јеремиќ.

На прашањето дали Кина се обидува да го подели Стариот континент со својата иницијатива „17 плус еден“ кон земјите од Централна и Источна Европа, Јеремиќ одговори дека „геополитиката не е добротворна активност“.

– Гледајќи од перспектива на Кина, полесно е да се имаат односи со одделни земји отколку со цела ЕУ и не треба да се обвинува Кина за тоа што така се однесува. На Европа е да направи контра-потег во таа партија шах и да покаже дека европскиот фронт е обединет. На Кина е да се обиде, а на Европа е да одговори, заклучи Јеремиќ.

Next Post

Заев: Моја должност е да не се откажуваме и да најдеме решение, нашиот народ тоа го очекува

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk