ЗАЕВ: Немаме друга алтернатива освен европскиот пат.
ДИМИТРОВ: Северна Македонија ќе продолжи со обидите да бара достоинствено решение.
ТВРДАМ дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле.
РЕКОРДНИ 1.406 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 937 пациенти, починати се 21 лице.
САД ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ.
MИНИСТЕРОТ за надворешни работи Бујар Османи денеска им ги предаде акредитивните писма на Дане Талески, Фатон Бејта, Сали Лимани, Теута Агаи-Демјаха, Шабан Јашари, Данчо Марковски и Шпреса Јусуфи, за нивно назначување како новоименувани амбасадори.
ВО Театарот за деца и младинци вечер во 19 часот премиерно ќе биде изведена младинската претставата „Што е силеџија” во режија на Хана Миленковска, која заедно со Горјан Милошевски се автори на текстот.
ВО Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 720 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани рекордни 469 пациенти.
РАСТЕЧКИОТ тренд на заразени во Албанија продолжува, што потврдува бројката од 711 новозразени во последното деноноќие.
ВО Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи, но и починати од Ковид-19.
ИТАЛИЈАНСКИТЕ лекари на штрајк.
ИРАК и Саудиска Арабија повторно ја отворија границата во пустината Арар, соопшти граничната комисија на Багдад, што претставува долгоочекуван знак за поблиски трговски врски по 30 години затворање.







