Издвојуваме големи средства за заштита на животната средина, ги зајакнавме сите програми на екологијата, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Само 29 милиони евра се издвоедни за гасификацијата на северозападниот дел од државата. Училиштата ги менуваат нееколошките системи за греење, ги правиме енергетски ефикасни… Апелираме и граѓаните да се приклучат во оваа борба и сите што можат, да ги сменат системите за греење. Никој, никогаш нема носено вакви одлуки. Сите мерки покажуваат дека сме насочени да го решаваме прашањето заедно – централната власт, локалната власт и граѓаните. Сите заедно против аерозагадувањето, напиша Заев.