ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипскиот Музеј одбележува 70 години од постоењето

November 20, 2020 13:46
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип денеска одбележа 70 години од своето постоење. Јубилејот беше одбележан со отварање на изложба во уметничката галерија „Безистен“, а на која присуствуваше и Министерката за култура Ирена Стефоска. Со стиховите на поетот Ацо Шопов посветени на неговиот роден град Штип го честиташе јубилејот на ЗЗС и Музеј на град-Штип.

Веќе седум децении оваа институција е чувар и промотор на културното наследство на градот Штип и на неговата околина. Од барутница до галеријата на икони во Свети Никола, преку деветте илјади инвентарни предмети, Заводот и Музеј- Штип го негува она што со векови нашите предци го граделе, што ние денес го доградуваме и што идните генерации ќе го надградуваат.  Темелите на иднината се наоѓаат во археолошките локалитети, во средновековните тврдини и базилики, во Османлиските караван сараи и амами, во спомениците од НОБ. Последниве заземаат особено место во Програмата за работа на Министерството за култура зашто антифашизмот е втемелен во нашата државност, а повоена Европа е градена на антифашистички темели, рече Стефоска.

Забележа дека  младите генерации заслужуваат да растат и да се развиваат со вредностите на антифашизмот. Но, какошто рече  културното наследство го сочинуваат и фолклорот т.е. народното творештво, занаетите, обичаите, ритуалите, како и уметничкото творештво од нашето современие.  Сето тоа е дел од нас, сето тоа го исцртуваме на културната карта на Европа и на светот.

-Изложбата со која денес се одбележува јубилејот на Заводот прекрасно го одразува овој широк спектар на нашето културно наследство надоврзувајќи се на сопствената традиција.  Имено пред 70 години првата стална поставка на Народниот музеј содржела експонати од археологијата, етнологијата, историјата и ликовната дејност, вели Стефоска. 

Посочи дека културното наследство е еден од врвните приоритети на Владата и на Министерството за култура и затоа мојот Штип и јас од првиот ден посветено работиме да го издигнеме овој сектор на што повисоко и професионално ниво.

-И самите знаете колку напори вложуваме за да изнајдеме заедно со сите вас трајни решенија за проблемите и да ги надминеме слабостите и пропустите кои се наталожиле со текот на времето било поради недостиг на кадар, било поради застарени законски прописи итн. Убедена дека ќе успееме во нашата мисија ви го честитам јубилејот и ви пожелувам се поголеми успеси во работата, додаде Стефоска.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов рече дека во услови на пандемија и според пропишаните мерки се одбележува еден голем јубилеј за оваа институција. Во уметничката галерија „Безистен“ изложени се артехактите од археолошките истражувања на Боров дол, а можат да се видат и ракотворби од источниот регион. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Јаневски: Да продолжи рокот за искористување на ваучерите и да се отворат ски-центрите

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk