ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи на МЕФ 2020 – Владата на Република Северна Македонија тргна храбро во енергетска транзиција

November 23, 2020 18:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панелот „Предизвиците на регионалната енергетска интеграција во согласност со енергетските приоритети на ЕУ и Зелениот договор 2050 година“, кој се одржа во рамките на Македонскиот енергетски форум 2020.

Вицепремиерот се осврна на европскиот “Зелен Договор“, кој претставува амбициозен план на ЕУ во рамките на нивната политика која се однесува на климатски прашања, а кој има за цел од Европа да направи прв континент кој ќе биде климатски неутрален до 2050 година.

„Енергетската унија е главниот инструмент за да се испорача оваа трансформација, која има за цел сигурна, одржлива и финансиски достапна енергија за сите потрошувачи во ЕУ, индустриски и домаќинства. Оваа цел може да се постигне само со фундаментална трансформација на енергетскиот систем на ЕУ. Знаеме дека Европската комисија во 2015 година испорача нова Стратегија за енергетска унија, која се состои од пет блиски, меѓусебно поврзани димензии, дизајнирани да придонесат зголемена енергетска сигурност, одржливост и конкурентност“, започна Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и храбро тргна кон патот на енергетската транзиција.

„Со помош на нашите партнери, УСАИД и ЕБРД донесовме два важни закони во кој целосно се имплементирани ЕУ директивите кои се однесуваат на внатрешен пазар на енергија и на енергетската ефикасност. Тоа се Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност. Со Законот за енергетика и со подзаконските акти кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, се создаде клима за нови инвестиции во обновливи извори на енергија, подржани со нови пазарно ориентирани механизми, на транспарентен и конкурентен начин. Само во изминатата година Министерството за економија спроведе две конкурентни постапки, кои завршија успешно, при што се потпишаа договори за изградба на фотонапонски електрани со инсталиран капацитет од 62 MW. Само за споредба, во претходните 11 години беа изградени само 16 MW. Во моментот во тек е конкурентна постапка за јавно приватно партнерство со АД ЕСМ, за изградба на две фотонапонски електрани по 40 MW, на местото на рудникот за јаглен во РЕК Осломеј. Ова е прв проект во регионот, пример на енергетска транзиција, односно замена на термоелектрана на јаглен што загадува, со фотонапонски електрана, која произведува 100% чиста енергија. Со цел диверзификација на изворите, Владата издаде овластувања за изградба на ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 150 MW на приватни инвеститори“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот рече дека еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем, имајќи во предвид дека во наредните години, поголеми и поголеми количини на електрична енергија од обновливи извори ќе се приклучуваат на електро-енергетската мрежа.

Next Post

Брнз: Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk