Од Центарот за јавно здравје Прилеп, информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23-ти ноември, во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус.
Од последици на коронавирусот, починале 18 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 965, а 811 лица се наоѓаат на домашно лекување. На болничко лекување се 107, а 47 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 53 пациенти.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.164 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Прилеп изнесува 2.608.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 114 лица.