ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Не 16, туку 365 дена да работиме на прашањето за секаков вид насилство

November 25, 2020 12:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25 ноември денеска се оддржа онлајн настан насловен „Нулта Толеранција за насилството врз жените и семејното насилство“.Настанот го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а активно учество земаа и министрите од МОН, МЗ, МВР, Царовска, Филипче, Спасовски, како и државниот секретар на МП, Тасевска и претставници од меѓународните и граѓански организации, Росана Дуџиак, (UN Resident coordinator), Весна Ивановиќ Кастареде(UN WOMEN), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и останати учесници.

„Овој ден не треба да се чествува,затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам,туку борбата против насилството врз жените,  родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како оопштество да трае во континуитет“, истакна министерката Шахпаска на почетокот на  своето обраќање.

Таа се осврна на историскиот момент на жената во семејството, родовите стереотипи, подредената позиција на жената и доминацијата на мажот кога се работи за функционирањето на семејството како основна општествена клетка.

„За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња, потребно е спроведување на сеопфатна политика, за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото.Токму затоа како министерство посветено работиме за подобрување и креирање на национални политики, превенција и заштита на жртвите на насилство,“ посочи Шахпаска.

Таа потенцираше дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година, значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

„Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен  статус,ниту верска или политичка определба.Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме , да превенираме и заштитиме,“ истакна Шахпаска.

Министерката зборуваше за значењето на новиот Предлог- Закон, кој во себе вклучува превенција, механизми на спречување и зштита од насислтво, но исто така и санкции за непостапување со должно внимание и за институциите , во спротивно жртвата има можност да поднесе тужба за непостапување  и се однесува на сите кои се вклучени во процесот за реагирање при насилство како Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Образование и наука, за Внатрешни работи, Органите на државна управа, се до единиците на Локална самоуправа.

„Ве повикувам, сите ние, не 16  туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство“, порача министерката Шахпаска.​

Next Post

Хелсиншки комитет: Новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство е позитивен чекор

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk