ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

За да се избегне појавата „Copycat“, претпазливо при известувањето за самоубиства

November 25, 2020 15:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, четворица пациенти хоспитализирани во таканаречените ковид болници „Шефќет Ндоќи“ и „Инвектив“, извршиле самоубиство скокајќи од прозорците и одделите каде што биле сместени, дејствија за кои Обвинителството во Тирана започна истрага. Самоубиства на пациенти заразени со вирусот ковид-19 не се пријавени во ниту една од земјите на Западен Балкан. Националните и меѓународните институции, како и високите медиумски власти повикуваат за претпазливост при известувањето за настаните од феноменот самоубиство, со цел да се избегне појавата „Copycat“, пишува Фактоје, пренесува Мета.мк.

Според неофицијални податоци, „Фактоје“ тврди дека истраги водат двајца обвинители и за разјаснување на настаните, сослушани се членови на семејствата на жртвите, роднини и вработените и директорот на болницата „Шефќет Ндроќи“, Перлат Капизизи. Неофицијално се тврди дека обвинителите не откриле спорни податоци за разјаснување на причините, иако истражните дејствија продолжуваат.

Болницата „Шефќет Ндроќи“, каде имало три случаи на самоубиство, изрази убедување дека персоналот не покажал небрежност, барајќи од политичките и медиумските актери поддршка во работата што ја работат.

Според достапните информации, земјите во регионот како Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора или Босна и Херцеговина не пријавуваат слични случаи од болниците. Во надвор од земјите од регионот пак, во некои европски земји, како што е Италија, има случаи на самоубиства на пациенти заразени со коронавирус додека престојувале во болниците.

Во услови кога сè уште нема официјални податоци за причините за самоубиство во универзитетските болници во Албанија, епидемиологот и продекан на Медицинскиот универзитет, Илир Алимехмети препорачува претпазливост при известувањето за овие типологии на случаи со цел да се избегне појавата “Copycat”.

„Според мене, проблем е што сите овие случаи се пренесуваат во медиумите. Тоа е многу добро позната појава, самоубиството „Copycat“ значи имитирано самоубиство. Тие ги имитираат случаите што се пренесуваат во медиумите. Ова е причината зошто ваквите случаи не треба да се пренесуваат во медиумите. Тие дефинитивно треба да се истражат, но не да се пренесуваат детално“ тврди во ТВ-интервју епидемиологот, Илир Алимехмети.

Феноменот или ефектот „Copycat“, исто така наречен „имитација“ е чин на самоубиство со имитирање на други претходни случаи. Според научните списанија, овој ефект главно се должи на претходните случаи во кои детално се презентирани случаи на самоубиство.

Аудиовизуелниот орган за медиуми во Албанија, побара од медиумските радиодифузери да избегнуваат детално известување за вакви случаи.

„Врз основа на последното известување од медиумите за сериозен случај на обид за самоубиство на пациент во Инфективната болница во Тирана, апелираме да се избегне деталното пренесување на ваквите депресивни акти. Пренесувањето во детали во екраните има влијание со депресивни оценки кај публиката,“ порачуваат од Аудиовизуелниот орган за медиуми во Албанија.

Научното списание „The Lancet“ исто така препорачува дополнителна претпазливост при известување за такви случаи бидејќи тие можат да предизвикаат слични дела кај публиката.

„Известувањата за ваквите дела може да имаат влијание врз зголемувањето на случаите на самоповредување или самоубиство кај општата популација. Ова е проблем што бара дополнително да се погрижиме за време на пандемијата ковид-19. Покривањето до чувствителните детали на случаите на самоубиство може да го зголеми ризикот со тоа што ќе придонесе за извршување на вакви дела од други лица“ – се вели во упатствата на научното списание „The Lancet“.

Next Post

Екипата од „Медена земја“: Сите средства од донациите за Атиџе ќе бидат префрлени одеднаш, не најдовме начин да се добие месечен надомест, а да не се изгуби социјалната помош

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk