ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: СДСМ цврсто застана зад Заев, Црвенковски е историја, едвај 200 учесници на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојкотирам и Левица…

November 26, 2020 21:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ЗАЕВ доби максимална јавна поддршка од СДСМ и од голем број политичари и јавни личности. Следи краток преглед од изразите на поддршка во текот на попладневните и вечерните часови.

  • СДСМ цврсто застана зад својот лидер, Зоран Заев. Министерот за правда Бојан Маричиќ вечерва на својот профил на Фејсбук напиша дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.
  • Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на неговиот фејсбук статсус објави дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ, а дека поранешниот партиски лидер и екс претседател на државата Бранко Црвенковски е историја.
  • Официјалниот став на СДСМ, на Владата, на премиерот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, објави попладнево заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.
  • Членови на Владата и СДСМ вечерва изразија поддршка за политиката на премиерот Зоран Заев, кого опозицијата го нападна по вчерашното интервју за БГНЕС.
  • Храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика, порачa лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски на својот Фејсбук профил.
  • И поранешниот премиер Владо Бучковски го поддржа Заев. Тој напиша дек Заев е „обвинет” затоа што се бори за нашата европска иднина.

ЕДВАЈ 200 УЧЕСНИЦИ на протестот на здружениот протест на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Бојкотирам. Толку од поддршката на националистичката опозиција.

Скопје, 26.11.2020, од фото албумот на Мицкоски

СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 ДEНЕСКА: регистрирани се 1.160 нови случаи, оздравени се 1.094 пациенти, а починати се 30 лица.

ИСПЛАТА на бонус плата за вработените во МВР за три години, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот онлајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев.

БИТКОИНОТ денеска падна на најниско ниво во последните 10 дена, поради распродажбата што се прошири на други помали дигитални монети. Најголемата крипто валута во светот, падна за дури 13 проценти, на 16.317 американски долари, од највисоките 19.521 долари во средата.

ВО ХРВАТСКА, во последните 24 часа се пријавени 51 смртен случај и 4.009 новозаразени со коронавирусот, што е најголем дневен број досега.

ПОСТОЕЧКИТЕ рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник 7 декември во шест часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

БРОЈОТ на луѓе кои живеат со недијагностициран ХИВ во Европа се зголемува и само во 2019 година, вирусот е дијагностициран кај повеќе од 136.000 луѓе, покажуваат податоците објавени денеска од Европскиот центар за контрола на болести и Светската здравствена организација за Европа.

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ денеска го повика Европскиот совет (ЕС) да воведе санкции кон Турција, се наведува во соопштението по повод усвоената резолуција со 631 глас „за“, три „против“ и 59 „воздржани“.

АКТЕРКАТА Несрин Таир во видео порака за Иницијативата од ЦИВИЛ „Обединети во различноста“, повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци.

ЛAЖНИТЕ ВЕСТИ и теориите на заговор што се шират по социјалните мрежи и разните портали, поврзано со пандемијата, го загрозуваат сериозно животот и безбедноста на медицинските работници кои целиот период се борат против вирусот и за спасување на нашите животи.

РАЗБИЕНА НАРКО ГРУПА и запленета марихуана во Скопје. Како што информира МВР, околу 11.45 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана.

ПОЕТЕСАТА Билјана Станковска годинава е добитничка на плакетата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за нејзината стихозбирка „Пукнатина во светлината“.

Next Post

Има разлика меѓу ораторство и орање

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk