ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров за нон-пејперот: Сакаме да имаме услови за рамноправен натпревар

Нон-пејперот на Франција за новата методологија на преговарање се уште е предмет на подетални анализи. За нас е мудро, не само директно толку кон овој нон-пејпер, туку како општи принципи е клучно и немаме што да изгубиме ако има повеќе стриктност во процесот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Шведска Ан Линде, коментирајќи го предлогот на Франција за новата методологија на преговори

November 18, 2019 18:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нон-пејперот на Франција за новата методологија на преговарање се уште е предмет на подетални анализи. За нас е мудро, не само директно толку кон овој нон-пејпер, туку како општи принципи е клучно и немаме што да изгубиме ако има повеќе стриктност во процесот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Шведска Ан Линде, коментирајќи го предлогот на Франција за новата методологија на преговори, пренесе МИА.

– Исто така е клучно, и тоа е наведено во овој нон-пејпер, што се работи за процес што има крајна цел – членство. Тоа е повторено на неколку места во нон-пејперот. Ние би сакале да имаме услови за рамноправен натпревар со сите земји од нашиот регион од Западниот Балкан и мислам дека е важно процесот на пристапување, каков и да биде, да овозможи една олимпијада на реформи, оцени Димитров.

Во врска со структурните фондови, тој посочи дека е повеќе прашање за земјите членки и интересна е идејата граѓаните да имаат побрзо повидливи бенефити од реформите, наспроти процес којшто има постојано реформи со бенефити само на крајот на тој процес.

Шведската министерка, за истото прашање посочи дека се уште не го анализирале целосно францускиот нон-пејпер.

– Нашиот став е дека би сакале да видиме реформирање на начинот на којшто се одвива процесот на пристапување. Ја поздравуваме ваквата дискусија, но не сум подготвена да кажам нешто во однос на францускиот документ подетално, истакна шефицата на шведската дипломатија на заедничката прес-конференција со Димитров.

Next Post
фото: sdk.mk

По пожарот „Маслодајна“ спогодбено се обврза да плати 50.000 евра

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk