пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Когницијата им се движи како глиста низ пола цол живот, емоциите им се плафонирани во тесната цевка на егзистенцијата, интересите им ги следат неутроните на дневниот опортунитет, јазикот им звучи како стиснати и заглавени клавиши.
Македонците постојат во многу тесен фреквентен опсег.
Сѐ со што сум окружен ја потврдува оваа дијагноза: песните, филмовите, дебатите, собраниски, телевизиски или кафеански, романите и песните, сѐ е набутано во единствениот филозофско-културолошки и психолошки ласер со кој македонизмот ми го убива животот како што големите џамови во мојата барака во Орешани, ги убиваат ластовиците при обидот да ја напуштат мојата соба односно да се ослободат, не од мене, туку од себе и од сопствената ограниченост.
Ги фаќам тие зраци на темнината во своите колумни и статуси.
Нека не звучи нескромно: Идиотите се лепат на нив како мушички на автомобилска шофершајбна.
Режисерот го слекува своето режисерство и соросовштво, дури и своето човештво и потонува во статусот на жртва, во агрегатна состојба во која, нека да го парафразирам Гомбрович, македонството му се пробива во сферата на болката, односно болката му се пробива во сферата на македонството. Возбудена му е сексуалноста, но само како онанија.
Малата цолажа на цевката низ која постои, не му дозволува еден мој статус да го прифати како бесплатна идеја за сцена во првиот чин на драмата „Македонија: како бевме систематски уништувани од идиоти“, туку го тера да ја возбудува нацијата во позата на загрозена особа, да си го сугерира стравот дека чекам зад некое ќоше вооружен со намерата да му ја пресечам главата како крошна на јапонска цреша.
Замислете!
Тричковски го обезглавува Владимира и му ја држи главата како трофеј на безверник во рацете на благонадежен исиловец.
Хахаха!
Ќе умрам!
Но, премногу лесен ми се гледа овој декапитирачки стриптиз.
Се мислам, дали е тоа така затоа што режисерството, интелектуализмот и општествениот ангажман, му беа лесни, да не речам, лажни наметки, дали затоа што патетичниот македонизам, разбуден во додавката на името, му го има потиснато либералниот поглед или, конечно, се слекува во обид да се позиционира во очекуваните промени во конфигурацијата на општествената моќ.
Во сите овие алтернативи посебно или во сите заедно, можеме да ја препознаеме драмата на македонската општествена и национална конституција како крајно неконсолидирана и во многу што лажна, професурата, академизмот, естрадата, журнализмот, политиката, сѐ се тоа парчиња на манифестацијата во која куќата ненадејно останува без ѕидови и светот ги гледа станарите без дневните шминки и манири, како серат, се ебат, ждерат, децата ги крадат родителите, родителите децата, човек од страна не може да види за кој курац сите се сѐ уште на куп.
Всушност, не се.
Владе ми е како сератор кој со напнатата го урива полскиот ќенеф во кој сере.
И сега, некои му се смеат, некои го жалат, но ниту едната ниту другата реакција не можат да ја променат природноста на неговата позиција. Се знае каков е советот на стручњаците: не се напнувајте, пуштете сѐ да тече нормално!
Еден журналистички црв шпарта низ македонскиот креденец и прави првокласна црвоточина од втор ред. Јавно го рекетира обвинителството. Му вика: Или ќе кажете кој ме следел (него го следеле, замислете) или јас ќе се покакам во колумна, па вие ќе видите што е смрдеа.
Боки барал пари за туѓа слбода, а овој бара смрт за власт!
Не знам што му одговориле од ОЈО, но јас би му рекол: какај, бе, мали, какај злато, ќе ти олесни!
Ментална фрфљажа е дијагноза која произлегува од магнетната резонанца што се добива со читање кое во статусот „Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин: Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни“, нема да препознае врвна уметничка реализација, туку говор на омраза, закани и слични глупости. И кога јас ќе го прогласам таквиот читач за најлепливо говно со кое можат да се залепат пресечените делови на секоја јапонска, американска или арапска цреша, кајсија, мушмула или смоква, да бара заштита од органите.
Од кои органи!?
Па, не постојат органи, дури мислам ниту медицински, што можат да те одбранат, бе, човеку.
Не од мене, од себе.
Хахаха!
Режисерот нема доверба во институциите, а журналистот ги рекетира.
Но, во неслободата што ја живеат, Владе одбива да биде Бадер, а Геро Улрике. Фракцијата на црвената армија им звучи премногу комунистички, тоа не е ин, и така, земаат од презлите на глупоста и од вморонските јајца и се похуваат како македонистички будали.
Не би ја потценувал опасноста од овие радиоактивни елементи.
Тие се врзуваат со простата маса, малограѓанска, националистичка, флотантна, кретенизирана и по таа линија можат да бидат поопасни од ланданот во Охис. Ако успеат да ја убијат Македонија, тие ќе бидат херои, ако не успеат, тие ќе бидат жртви. Тие се победници во сите верзии. Јас не верувам дека тие сакаат да ја убијат Македонија. Не, но, отсуството на смисла за деликатност, следењето на шините на катастрофата што ги водат како некаква дресина, умисленоста и парадноста, закономерно водат во тој правец.
Тие се парчиња од разбиениот македонски атом.
Од атомот на единствената нормалност.
Тие се флека на екранот.
Матна слика на џипиесот.
Тие се главата на курот со кој патуваме во светлата иднина.