ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Драг сограѓанину Димче шовинистче

December 2, 2020 10:48
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Драг сограѓанину Димче шовинистче, како она рече:

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара…“ напиша Димче Апасиев на Фејсбук

Е, замисли ваква ситуација Димче:

Замисли Левица да има нормален претседател и претставник во Парламентот, наместо шовинист како тебе, и тој да се бори за правата на сите без разлика на етничката или каква и да е друга определба и да не му смета именуван функционер само затоа што е од друга националност и ништо друго.

Дали тоа нема да те фрустрира?

Дали ти како шовинист ќе се осеќаш пријатно во таква ситуација?

Е токму тоа ти Димче од „славна“ Левица им го правиш на сите Македонци – да им е срам од тебе. Во име на твоите шовинистички фрустрации си ги лечиш комплексите злоупотребувајќи го ирационалното вето од соседна Бугарија и осетливоста на македонските граѓани во вакви моменти.

Со кое право?

Со чие полномошно?

Дали мислиш дека тоа агресивно верување во твојата „национална супериорност“, ти го даваат овие 6.4к лајкачи на Фејсбук после твојата објава „Драги мои Албанци“, или пак мислиш дека тоа право ти го даваат оние десетина кои ти доаѓаат на протестите што ги организираш и поддржуваш? Немој да се залажуваш дека го имаш полномошното од оние самосвесните што те гласаа на изборите, оти одамна имаат кренато раце од тебе и се чудат каде им бил паметот, овој твој последен шовинистички испад само им е потврда. Погледни си го тајмлајнот.

Дали мислиш дека лајкачите ти даваат полномошно да навредуваш и изолираш цел еден народ што живее работи и си ја сака Македонија за своја?

Ти воопшто не ја спориш умешноста на функционерот (да го направеше тоа ќе беше легитимно), е мој Димче шовинистче, ти ја спориш етничката припадност на Министерот за надворешни работи, нагласуваќи го со големи букви неговото презиме ОСМАНИ и што е уште позагрижувачки, ти не си ни свесен колку е тоа забегано, ами сериозно повикуваш и бараш негово отповикување само ради неговата етничка припадност. Не ми се верува колку си заминат.

На што повикуваш ти национал-шовинистче: на сегрегација, на федерализација, на нови возови кон логори, на размена на територии, на крв ли повикуваш таков невреден и набилдан со омраза.

Кој си ти?

Добро, сите знаеме чиј си ти политички производ, но кој си ти и нели ти е срам еве да речеме од докторските титули со кои се петелиш, или нели ти е бар малку срам од гласачите кои не се Македонци, а ги прелажа на минатите парламентарни и ти дадоа поддршка.

Мене како Македонец ми е срам дека имаме вакви шовинсити како тебе, што без никаква задршка искажуваат крајно нацистичка нетрпеливост и недоверба.

Затоа драг мој Димче шовинистче, сега, во овие драматични моменти кога дрско си го покажа шовинистичкиот лик, добро не ти е прв пат, но сега е моментот да си ги собереш парталите од политичката сцена, да им ја оставиш партијата на тие што избегаа од тебе, а не од левичарската идеологија и да застанеш рамо до рамо со Миленко, Пандов и шовинистичка компанија, како што е ред и каде што ти е местото.

Смрт за шовинизмот, слобода за граѓаните!


*Шовинизмот, во оригиналната смисла на зборот, е екстремен национализам и агресивно верување во националната супериорност и слава. Шовинизмот вклучува екстремна и неразумна пристрасност во име на која било група на која некој припаѓа, особено кога пристрасноста вклучува злоба и омраза кон ривалските групи. (извор: Википедија)

Next Post

Филипче: Постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациентите соодветно на нивната состојба

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk