Пред двајца загледани во телефоните, двајца зад банерот, двајца полицајци и три деца во позадината, вмровецот Владо Кендо Мисајловски, неговиот шеф Мицкоски и претседателката во обид, Силјановска, одржаа уште еден „масовен“ протест денеска, со слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот“, пред МНР.
„Ова не е партиски протест, ова е македонски протест, затоа сакаме да ги повикаме сите граѓани, независно од која партија се, да дојдат и да ни се приклучат“ – извика Кендо пред своите сопартијци пред МНР.
Шегата настрана, денеска ВМРО-ДПМНЕ, повторно користејќи верзии од слоганите на активистите за човекови права од времето на борбата против режимот што го спроведуваше токму оваа партија, под изговор дека се работи за непартиски протест, пред околу 200-300 свои членови, протестираа пред зградата на Владата што ја нагрдија самите, како и пред МНР кое го изградија како дел од проектот Скопје 2014, кој граѓаните ги чинеше околу една милијарда евра. Тема на денешниот „масовен“ протест беа македонско-бугарските односи.
Тие фрлаа и ролни тоалетна хартија кон зградата на Владата.