ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Остануваат полицискиот час и ограничувачките мерки во Албанија, можност и за викенд карантин

December 2, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 информираше дека во Албанија продолжуваат без определен рок ограничувачките мерки за спречување на понатамошното ширење на опасниот вирус.

-Останува забраната за собири со повеќе од 10 лица на отворени и затворени места, забраната за партиски состаноци,собири и митинзи. Забрана за конференции, празнични церемонии, свадбени церемонии и настани, како и погреби надвор од семејството.Овие забрани ќе важат до следна наредба, информираше Комитетот.

И понатаму останува во сила одлуката за полициски час од 22:00 до 6:00 часот, освен за службите за итни потреби и медиумите, останува и ограниената работа на угостителските објекти освен за деливери услуги.

Полицискиот час беше воведен на 11 ноември за период од три недели, но поради влошената епидемиолошка состојба тој продолжува и натаму.

Наставата во универзитетите и работата на администрацијата ќе продолжи онлајн, како и комбинираната настава во основното и средното образование.

На прашањето дали се предвидува карантин за време на викендот, претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство и социјална заштита, Мира Рајкацоли рече дека за воведување таква мерка не е разговарано но не ја отфрли можноста за тоа доколку се влоши состојбата.

-Ова не е споменато во денешната одлука. Она што го кажавме останува. Ако има други влошувања на епидемиолошката состојба во следните мерки може да биде ова, може да биде друго. Но, оваа мерка не беше дискутирана, рече Ракацоли.

Вчера во Албанија беше регистрана рекорна бројка на новозаразени ,односно 832 лица што е 38 отсто од тестираните. Во исто време 535 ја добија битката со опасниот вирус, додека починаа 12 лица сите во болнички услови. Во четирите ковид болници беа хопситализирани 506 пациенти.

Next Post

Вистинската причина зошто Бучковски е испратен во Бугарија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk