ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПЕС: Заев демонстрира храброст и лидерство, неговата држава заслужува преговори

December 3, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во изјавата во врска со македонско- бугарските односи наведува дека е неопходно да надвладее политичко лидерство и конструктивен дијалог.

-Партијата на европските социјалисти е разочарана од преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија која се соочува со ран удар, по најавата на бугарската влада дека засега го блокира процесот. Политичката мудрост на двете земји е ставен на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надминат оваа пречка. Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен Балкан. ПЕС го поздрави одобрувањето на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март годинава и нацрт-рамката за преговори претставена на земјите-членки во јули – се наведува во изјавата на ПЕС.

Од таму повикуваат на длабински дијалог помеѓу Бугарија, која 13 години е членка на ЕУ и на Северна Македонија која силно ја изрази желбата за пристап кон унијата. Во изјавата на ПЕС се дополнува дека премиерот Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство.

– Премиерот  Зоран Зеав продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бараше пат низ ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен таков длабок дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијаат на долгорочната врска меѓу Бугарија и Северна Македонија, исто така како и на целиот регион на Западен Балкан. Време е сите да постапат одговорно и со мудрост, водени од визијата за заедничка европска иднина- стои во изјавата.

Дополнително, ПЕС изразува загриженост за развиениот национализам во Бугарија, но и во Северна Македонија, и изразената десничарска реторика.

– Двете земји ќе го паметат говорот на омраза во регионот за време на претходната конзервативна влада. ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапот во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа една деценија замрзнати интеграции и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да игра опасни игри со говор на омраза, предизвикувајќи конфронтации. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија. Социјалдемократската влада на Зоран Заев ја водеше Северна Македонија кон почетна точка на преговорите со ЕУ и тој останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку и се даде шанса на земјата – завршува изјавата на Претседателството на Партијата на европските социјалисти.

Д. Е.

Next Post

Директорот на „Фајзер“: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини од потребното

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk