Десетина демонстранти, пола улица празна, а другата половина не повеќе од 10 метри квадрати полна, пред зградата на Владата.
Вака изгледа протестот со најмал број на учесници во последните години организиран од ВМРО-ДПМНЕ, против наводната продажба на идентитетот и јазикот на македонскиот народ.
Фотографиите од пред Владата објавени од „Независен Весник“ ја покажуват реалната слика за (не)учеството на тој протест. Тој не може ни одблиску да се доближи со ниту еден друг протест организиран откако оваа партија ја изгуби власта. Неколкупати повеќе граѓани учествувале на другите протести организирани од синдикати и граѓански организации.
Другиот протест организиран истовремено пред Министерството за правда со иста цел бил уште потрагичен.
Според фотографиите објавени од „Слободен печат“, учесниците можат да се избројат на прсти, а дополнително, поголем дел од нив исто како и пред Владата, се членови на раководството на партијата. Малиот број на подржувачи на еден протест покажува мала подршка за реториката на организаторот која е бучна но никако да успее на терен.
А. Зеќири