ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Твитер мајтап со протестите на Мицкоски: „Луѓе нема, и за претседател на Куќен совет не може да победи“

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласија дека е ова победа на власта.

December 4, 2020 16:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тажна слика стигна од сите протести организирани вчера од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата веќе не испраќа ниту фотогалерија туку само изјави од говорниците. Според информациите од терен на повиците на првиот човек на партијата не се одзиваат повеќе од 50 до 100 партиски функционери. Енергијата е на нула, а разочараноста видлива, пишува media.mk.

На протестите кои Мицкоски ги најави како натпартиски, граѓаните не излегуваат. Нема видни личности. Вчера се обратија пратениците Рашела Мизрахи, Бојан Стојановски, Љупчо Димовски, Бране Петрушевски, Дарко Костовски, но и партиски функционери како Владимир Неловски, Сергеј Попов, Стевчо Јакимовски и Стефан Андоновски. Независни интелектуалци, нема ! Масовност, нема ! Енергија , нема !

Јасно е дека Мицкоски со своите апели, ставови, актерски настап, наместо да ги привлекува граѓаните, тој ги одвраќа од протести. Народот е свесен дека темата е исклучително важна, исто како што е свесен дека Заев лошо ја менаџира ситуацијата. Единственото нешто што ги одвраќа граѓаните е сомнежот во искреноста и капацитетот на Мицкоски, коментираат од порталот Медиа.мк.

Затоа протестите организирани од него служат за мајтап на социјалните мрежи, а граѓаните се летаргични бидејќи не гледаат некој што има капацитет да ги поведе.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласија дека е ова победа на власта.

Тие го подучуваат Мицкоски дека сосема ги промашил протестите, обвинувајќи го дека си игра протести.

Коментираат дека слабиот одзив е директен одговор од народот на повикот на Мицкоски.

Граѓаните се сомневаат дека се глумат протести заради скриени мотиви. Тие ги бараат мотивите во креирањето на апатија која што директно му оди во прилог на Зоран Заев.

Граѓаните му порачуваат на Мицкоски дека залудно го троши времето. Протестите ги оценуваат како бламажа и глумење лудило.

Некои бараат Мицкоски да му го препушти местото на Апасиев.

Коментарот на присутните е дека на протестите се појавуваат повеќе медиуми отколку протестанти.

Некои на шега прогнозираат дека следниот процес на Мицкоски би требало да биде со хелихоптери кои би надлетувале над влада.

Во продолжение ви пренесуваме и дел од останатите многубројни коментари со кои е проследен протестот организиран од Мицкоски.

За утре Мицкоски најави протести во 20 града. Повторно нема да се одржат во Штип. Дали Мицкоски мисли дека штипјани се согласуваат со ставовите на Заев во врска со Бугарија и дека ВМРО-ДПМНЕ таму не може да собере десетина луѓе, нема одговор.

Извор: media.mk

Next Post

Филипче: Никогаш немало препораки починатите од КОВИД-19 да се погребуваат во лимени ковчези

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk