ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Поплавска: Најголемиот театарски татко Баге, си замина од оваа сцена

Вистински претприемач во културата, човек кој направи милион мостови помеѓу театрите на нашата мала Македонија, регионот, Европа и Светот. Баге беше прв во многу работи, многу негови идеи реализирани во културата и денес се столбови во нашата културна историја. Баге беше првиот што ја разбра потребата за раѓањето на независна театарска сцена во Македонија.

December 6, 2020 13:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Благоја Стефановски Баге – Актер, Директор, Министер за култура и најголемиот театарски татко си замина од оваа сцена. Вистински претприемач во културата, човек кој направи милион мостови помеѓу театрите на нашата мала Македонија, регионот, Европа и Светот. Баге беше прв во многу работи, многу негови идеи реализирани во културата и денес се столбови во нашата културна историја.

Баге умееше да препознае уметник и да му отвори ширум врата во Битолскиот театар.

Баге беше првиот што ја разбра потребата за раѓањето на независна театарска сцена во Македонија. Па така уште во 2001 година кога тој беше Директор на Битолскиот театар, а јас тазе дипломиран режисер со тукушто регистрирана театарска куќа „Арт медиа” дојдов кај него за да му понудам соработка. Тој ме прими и ми кажа искрено дека е невозможно веднаш да почнам да работам претстава, дека ќе треба да почекам до следната сезона. На што јас исто искрено одговорив „јас не сум сигурна следната година дали таа претстава ќе сакам да ја правам.“ Баге застана за миг, ме погледна убаво и најверојатно ја виде потребата за креација во моите очи и одговори: – Тогаш ајде, повели, почни веднаш. А јас ќе ти помогнам со се што можам. И така би, јас почнав да работам претстава на темата Едит Пјаф и кабаре со битолската актерка Елена Моше и Фолтин.

Таа 2001 година беше тешка година, се случи првиот полициски час во новиот милениум. Беше грозна атмосферата по Битолските улици, но Баге не дозволи театарот да застане, како што многумина дозволивме сега. За време на полицискиот час во Битола во 2001 година тој продуцираше две претстави , првата „На дното” во режија на Бора Драшковиќ со огромна актерска екипа во која Баге покрај директор беше актер и втората претстава, моето кабаре „Како мене Пјаф”. Истовремено актерите на битолскиот театар секоја вечер играа претстава.

Фото од претставата „Како мене Пјаф“

Јас живеев во театарот, во убаво средена гримиорна зошто апартманите беа полни со колеги од регионот. Беше прекрасно чувство Битолскиот театар да ти биде твој дом. Битолскиот театар во времето на Баге беше центар на идеи, центар на размена на уметници и дела, тоа беше најживиот театар што некогаш сум го видела. Баге ми го покажа театарот како најубавата и најсреќната планета што може совршено да фукнкционира 24 часа и нон-стоп да се „игра”. Нашите проби почнуваа од 11 часот навечер и траеа до 5 часот изутрина, на Бора пробите од 10-14ч. Од 16 часот веќе започнуваа подготовки за вечерашните изведби на претставите. Тоа беше ТЕАТАР! А кога дојде Баге да ја гледа претставата, јас имав најголема трема и со крај на око ѕиркав накај него – тој уживаше, нема да ја заборавам неговата широка насмевка и очи што светкаат од радост. Се заљуби во претставата и ја однесе секаде каде што имаше можност. Претставата го живееше својот интензивен театарски живот на разни сцени по регионот и светот, па еве и годинава по долго време пак дојде во Скопје и ја одигравме на фестивалот „Гола месечина“.

Оттогаш наваму не направив претстава во Битолскиот театар, но затоа оваа претстава стана антологија во нашата театарска историја и единствена во земјата која 20 години живее благодарение на тебе Баге и ги чека своите следни изведби во Велес.

Ти благодарам за се што направи за мене, што подоцна како Министер ја поддржа и мојата претстава „Мадам Кабаре”, ти благодарам и за моето „Буре Барут”што во 2015 та го однесе во Бугарија, што мојата „Лисистрата” во 2016 ја однесе во Албанија, ти благодарам што беше до крај мој поддржувач.

Баге мој мил, мој театарски татко, си заминуваш од овој свет кој ти многупати го направи поубав. Мојот вистински татко ќе те чека таму некаде каде што гори пламенот на уметноста. Те чекаат и другарите театарџии. Се надевам дека ќе ги собереш сите и ќе ја направите ангелската претстава. Знам дека ќе го сториш тоа, само ти ја имаш таа голема и силна енергија за творење. Патувај мирно кон светлината, а јас никогаш нема да ја заборавам твојата посветеност, љубов и страст кон градењето на ТЕТАРОТ.

Ќе бидеш засекогаш мојот голем театарски татко и учител. А јас ти ветувам дека во 2021 година ќе направам турнеја низ Македонија и регионот со нашата заедничка продукција на кабарето „Како мене, Пјаф”! Секоја претстава ќе ја играме како ти да не гледаш! Ќе пееме за тебе.

Нека ти е вачна слава!

Објава со дозвола од авторката на текстот – режисерката Наташа Поплавска.

 

Next Post

Во гостиварско Неготино затворен угостителски објект што работел по 21 часот, сопственикот приведен

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk