ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зголемување на капацитетот на Охридскиот аеродром?

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 166-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните

November 19, 2019 14:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 166-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, пренесе МИА.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со барањето за согласност на ТАВ Македонија за зголемување на капацитетот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид.

Владата на Северна Македонија за оваа седница на дневен ред ја има точката Информација со текст на Предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, како и Предлог-стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија за што Владата треба да донесе мислење.

На предлог на Министерство за труд и социјална политика на оваа седница ќе биде разгледана Предлог-уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации за јавните установи за деца-детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2020 година, а Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со барање за отпочнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акционен план за Реализација на проект за изградба на два нови болнички објекта за потребите на ЈЗУ Психијатриска болница во Демир Хисар.

На агендата за оваа 166-та седница е и информацијата за добивање на одобрение за отпочнување на постапка за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на ООУ „Димитар Македонски“, Општина Аеродром, Скопје, на Министерството за образование и наука.

Министерството за надворешни работи за оваа седница ги става точките Предлог-одлука за давање согласност за отворање Генерален конзулат на Република Албанија во Република Северна Македонија, со седиште во Струга, и Предлог-одлука за отворање Генерален конзулат на Република Косово во Република Северна Македонија, исто така во Струга.

Next Post

„Катимерини“: Ќе се формира меѓународна комисија на експерти за трговските ознаки

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk