Европската Унија денеска официјално усвои законска рамка за санкции против нарушителите на човекови права, закон по форма сличен на Актот Магнитски, усвоен од Конгресот на САД во 2012 година.
САД ја поздравија одлуката, и во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео се истакнува дека ова е „клучно достигање за понатамошна заштита на човековите права насекаде низ светот“.
– Со овие нови мерки земјите членки добиваат моќен инструмент за промоција на отчетноста за нарушување на човековите права на глобално ниво, се вели во соопштението.
Се додава дека овие надлежности ќе бидат во склад со постоечките напори на САД, Велика Британија и Канада за мерки против прекршителите на човекови права, „и за понатамошно засилување на нашето силно партнерство на ова поле на глобално ниво“.







