“За македонскиот идентитет ниту оваа ниту било која идна Влада ќе може да преговара” – истакна Никола Димитров во интервјуто за Сител Телевизија
“Идентитетот е многу внатрешна работа, тоа е чувство и никогаш не е резултат на политичка одлука туку е резултат на историски процес, и во таа смисла како и меѓу луѓето и меѓу државите има извесни правила на однесување комуникација, во правилата што важат денес посебно во ЕУ, но и глобално и во Меѓународното право и во Европското право, Лисабонскиот договор, ова прашање кој сме ние како народ, каков јазик зборуваме е наша работа, и ако зборуваме за добрососедство и пријателство овој чин, тоа прашање да го отвориме од друга страна, друга држава во секој случај не е инвестиција во едно такво пријателство, јас мислам дека кога го почнавме овој значаен, тежок и комплексен процес со соседна Бугарија првите години имаше подобра атмосфера, мислам дека имаше придобивка во контекст на македонско – бугарското пријателство, и јас се надавам дека Софија ќе препознае дека овој чекор дури и тоа го доведува во прашање, јас како човек на кого овие работи му се исклучително важни чувствувам дека во македонската јавност има огромно обединување околу овие прашања, и таа е реалноста..” – вели Никола Димитров, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања