ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Грантови од 5 000 до 15 000 евра за женското претприемништво, поттикнуваме родова еднаквост со нашите политики

December 7, 2020 20:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Политиката за родова еднаквост ја поставивме како еднакво важна во сите ресорни министерства, а не како претходно, како прашање единствено важно во рамките на социјалната политика. Ги поттикнавме жените за поголемо вклучување во искористувањето на мерките од Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. – вели Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија.

 

“Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. Ние се залагаме за еднакви права за жените и мажите, еднакви плати за жените и мажите и еднакви обврски за жените и мажите. Затоа реализираме стратегии за развој и директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Тука се и други мерки за поддршка на жените земјоделки – како темел на семејните фарми.“- им се обрати премиерот Зоран Заев на жените од цела држава преку онлајн трибината „Молкот не е решение“, посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Заев преку трибината извести дека Владата на СДСМ, не само преку конкретните економски мерки, туку и преку законската регулатива се грижи за статусот на жената во општетвото и нејзината рамноправност. „Донесовме нов закон за прекин на бременоста, усогласен со европските стандарди, со кој ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје. Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата. Секоја мерка и секоја политика што ја преземаме е во насока на подобрување на родовата рамноправност во нашата земја, затоа што тоа е базично човеково право.“- истакна Заев.

Next Post

Вечерен преглед: Политика на родова еднаквост, се држиме цврсто до европските вредности, oпштините со максимална транспарентност, молкот не е решение.....

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk