Сите кои сакаат да вдомат куче од прифатилиштето „Лајка“ во Скопје треба да пополнат прашалник и да поминат на процека кај вработените. Јавното претпријатие „Лајка“ од минатиот месец почна со заловување бездомни кучиња од скопските улици, а од оваа недела и со активности за нивно вдомување. Шест кучиња се подготвени за вдомување, а ако не бидат вдомени, ќе бидат вратени на скопските улици, објави СДК.МК.
Секој кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик.
Според анализите кои ги правеа „Лајка“ и Агенцијата за храна и ветеринарство, на скопските улици има нешто помалку од 2.000 кучиња.







