„Крајно време е, после неуспешниот попис во 2011 година, ова да го направиме како статистичка операција без политички влијанија“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат.
Тој го брани ставот дека пописот треба да го спроведе Заводот за статистика затоа што тој е статистичка операција, и ако во неа не учевствуваат партиите ќе се избегне политичкото влијание, карактеристично за пропаднатиот попис во 2011 година.
„ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој и повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?- прашува министерот и дополни дека Владата е способна и во време на пандемија да организира попис.
„Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината.“- изјави Маричиќ.
„ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој и повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?- прашува министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата 360 степени на Алсат, и дополни дека Владата е способна и во време на пандемија да организира попис.
„Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината.“- рече Маричиќ.
Тој го брани ставот дека пописот треба да го спроведе Заводот за статистика затоа што тој е статистичка операција, и ако во неа не учевствуваат партиите ќе се избегне политичкото влијание, карактеристично за пропаднатиот попис во 2011 година. „Крајно време е, после неуспешниот попис во 2011 година, ова да го направиме како статистичка операција без политички влијанија“- коментираше министерот за правда, Маричиќ.







