ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пандемијата ќе има подолготрајни ефекти, НБРМ со нова проекција за пад од 4,9 отсто за годинава, Владата останува на проекцијата од 4,4 отсто

December 8, 2020 07:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пад од 3,3 проценти забележа македонската економија во третиот квартал, под влијание на пандемијата, која придонесе и Народната банка да ја ревидира својата априлска проекција од минус 3,5 проценти на минус 4,9 проценти. Рецесијата за годинава е очекувана, а закрепнување надлежните очекуваат следната година.

Државниот завод за статистика вчера официјално објави дека во третиот квартал од годинава стапката на раст на БДП изнесува минус 3,3 проценти.

Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти.

Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 проценти.

Во овој квартал пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 5,2 проценти, Градежништвото од 3,4 проценти и во Информации и комуникации од 3,3 проценти.

Рецесијата за Владата е очекувана. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека најновите статистички податоци за падот на БДП се очекувани.

-Владата уште во април најави дека ова ќе биде година во рецесија. Тоа не е случај само кај нас, туку со истиот проблем се соочуваат и сите други држави, наведе Битиќи.

Тој додаде дека Владата останува на проекциите за годинава со пад од 4,4 проценти. – На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30 проценти пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал, рече Битиќи.

 

Очекува следната година економијата да оди во нагорна линија. – Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт, рече Битиќи.

И минисерот за економија Крешник Бектеши падот на БДП во третиот квартал е согласно очекувањата на Владата и проекциите на Министерството за финансии.

-Имајќи го во предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто, рече Бектеши.

Според него се покажува дека економските мерки на Владата даваат резултати.

Пад од 4,9 процети за годинава е најновата проекција на Народната банка, што ја соопшти вчера на прес-конференција.

НБРМ направи надолна ревизија на пролетните проекции со кои прогнозираше пад од 3,5 отсто на БДП за годинава и закрепнување наредната година со раст од 4,7 отсто. За следната година, новата проекција на централната банка е раст од 3,9 отсто.

Според гувернерката Анита Ангеловска Бежовска, надолната ревизија е последица на подолготрајноста на пандемијата и нејзиното влијание врз сите пунктови на економијата.

 

– Правиме надолна ревизја на проекциите за развој на домашната економија во целиот  период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година, рече на прес-конференција гувернерката Ангеловска-Бежоска.

За разлика од априлските проекции, како што појасни, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на Ковид-19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година.

Закрепнувањето на економската активност во следните две години се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто, според НБ, релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка.

-Најновите оценки за периодот 2020-2023 гoдина упатуваат на продолжени ефекти од пандемијата, напроти априлските оцени за пократкорочен карактер на здравствената криза. Проекциите за домашната економија укажуваат на поголем пад оваа година и поумерено натамошно закрепнување, рече Ангеловска Бежовска.

Таа прецизираше дека се очекува пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите од 12,8 проценти, личната потрошувачка се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти.

Падот кај бруто-инвестициите е во услови на намалени странски директни инвестици, како и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор, а на личната потрошувачка поради падот на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка. Додека намалувањето на извозот е како резултат на намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување. Намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот, пак, ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12 проценти.

Се очекува инфлацијата на среден рок да се задржи на умерено ниво. За годинава се прави нагорна ревизија од нула на 1,1 процент, а за наредните две години се задржува на проекцијата од 1,5 проценти и два проценти.

Next Post

Активни 21.678 случаи со ковид 19, вакцината стигнува во првите месеци од 2021 година

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk