Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 30-ти ноември до 6-ти декември, во општина Прилеп имало 371 новозаболен од коронавирус.
Од последици на коронавирусот починале 20 лица;
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 988; 788 лица се наоѓаат на домашно лекување, 128 на болничко лекување, а 72 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 75 пациенти;
Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 3.383;
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 151 лице, известуваат од Центарот за јавно здравје во Прилеп .







