Пратеникот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил напиша дека ќе ја тужи новинарката Мери Јордановска од А1он за сторено кривично дело “неовластено објавување личен запис”, објави Слободен печат.
„Ај вака… Ако ти речат: “Ќе те тепам” – тоа е закана. Ако ти речат: “Ќе те ТУЖАМ” – тоа е опомена.
И да. Мери Јордановска од провладиниот портал А1он – ќе те ТУЖАМ за сторено кривично дело “неовластено објавување личен запис” (смс кореспонденција). Барајте си добар адвокат. По можност ЗНМ да ти го плати. Или Сорос“, напиша Апасиев.
Петрит Сарачини преку фејсбук објава го потсетува Апасиев дека „кога новинар ќе му прати по смс прашање, одговорот на тоа прашање не е приватна СМС коресподенција, туку одговор на новинарско прашање, кое новинарот има апсолутно право да го објави во медиум“.