ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДВ: Ескалација на реториката – Софија го обвинува Скопје за „наследен тоталитарен наратив“

December 9, 2020 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското министерство за надворешни работи денеска реагираше на вчерашното соопштение на македонската влада во кое беше критикувано ветото во ЕУ. Софија го обвинува Скопје дека манипулира со вистината, објави Дојче веле.

Продолжуваат препукувањата на релација Софија-Скопје, откако претпладнево бугарското министерство за надворешни работи остро реагираше на вчерашното соопштение на македонската влада. Официјална Софија во соопштението, од една страна тврди дека Бугарија не ги оспорува македонскиот идентитет и јазик, а во истовреме вели дека признавањето на македонскиот идентитет не може да биде на „штета на нејзините национални интереси“. Бугарија вчера одново го блокираше почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Македонската влада постојано на јавноста и’ презентира лажни информации во врска со бугарската позиција во ЕУ, тврди бугарското МНР, дополнувајќи дека официјално Скопје води „дипломатска и медиумска кампања за дискредитација на позициите на Република Бугарија”. „Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Официјална Софија ја оценува како „манипулативна“ тезата дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија или нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат.
Понатаму во соопштението се наведува дека, сепак, Бугарија не прифаќа афирмацијата на идентитетот на македонските граѓани да биде на штета на нејзините национални интереси.

Македонската влада вчера ја обвини Софија дека донесла неодговорна одлука со блокадата на почетокот на пристапните преговори на Скопје со ЕУ. Со ветото за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, бугарската влада направи неодговорна и тешка стратешка грешка, соопшти владата во Скопје откако вчера мина и последната шанса да се отвори процесот на преговори за време на германското претседавање со Унијата.

Од Владата ја обвинуваат Бугарија дека го запрела „процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ” и оценуваат дека тоа е „на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската унија.”

Next Post
Фото: гостиварпрес.мк

Модуларна болница за болни од Ковид-19 ќе се гради на местото на поранешна дијализа во Гостивар

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk