ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Крај на една куса љубовна романса

December 9, 2020 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Ете, така: почетокот многу ветуваше, но и покрај агилноста на проводаџиите од наша страна, на крајот се покажа дека не ни било европски судено. Љубовната романса со Бугарија траеше кратко, едвај две-три години, кога „невестата“ реши да избега во очи на свадбата.

На обете страни имаше луѓе кои искрено се понадеваа дека ова е шанса за историско рестартирање на рутината на поодамна стереотипизираните меѓусебни релации. Но, потегот со ветото е толку радикален, што тој чин, самиот по себе, ќе стане нов историски меѓник од кој ќе се мери новото замрзнување на односите. Барем за сегашниве македонски генерации. Меѓунационално.

Што се однесува до меѓудржавните билатерални односи, тие ќе се тркалаат по веќе познати патеки: посредништва, фасилитатори, нови провокации, притисоци и убедувања, ќе се нуди на потпис и некој нов анекс или нон-пејпер што ќе треба експертски да се „цинцулира“, па нови избори таму или овде кога ништо нема да се случува… Неколку функционери од Брисел имаат ветувачка кариера пред себе за шетања наваму-натаму, ќе стигнуваат утешни европски изјави за охрабрување и ветувања за подобро утре, ќе има и такви со предупредувачки тонови за целиот регион, а и од некој европски мики-маус балкански фонд дополнително ќе се чепне… Европа ќе чека Американците да им ја завршат работата, а Американците ќе ги убедуваат Европејците „да пораснат“ и да ја преземат одговорност за сопствениот двор…

Повторно следуваат години на европска политичка шиацу лумбална „масажа“: Ај малце погоре, тука-тука, ај сеа подоле, посилно…

Сите неопходни анализи за последиците од ветото се веќе направени. Економските последици за Македонија ќе бидат непријатни, што само го засилува одиумот во јавноста кон Бугарија за недостаток на елементарна емпатија и солидарност во време на опасната епидемиска криза. Тешко дека од двете страни во догледно време ќе се најде нов ентузијазам за културна или научна соработка, бидејќи наместо тоа да влезе во нормалната добрососедска агенда за подобрување на односите, сега ќе се претвори во простачка дебата за „патриотизам“ или „национално предавство“. И во ограничените ресурси за инфраструктурни инвестиции, приоритетите – кои, колку-толку, „мрднаа“ од македонска страна, а од бугарска ни толку – сега поинаку ќе се определуваат.

Нема за што да се разговара ни на нови политички средби меѓу Скопје и Софија, бидејќи Бугарија стави спектакуларна точка на еден голем политички напор, со драматично нов пријателски вокабулар, што го понуди оваа македонска власт. Како „честитка“ од Софија, Заев доживеа разорен политички аперкат од Борисов, иако многу се вложи во негувањето на пријателството во тој однос. На пример, секоја идна средба на Бучковски во Софија овде ќе се третира како мал скандал, што само ќе дотура масло на распалениот оган и во надворешната и во внатрешната политика на земјава.

Ќе треба да ги причекаме изборите на крајот од март во Бугарија, но за сега е јасно дека националистичката реторика во Софија носи поени на поддршка на тамошната политичка сцена. Во ситуација кога нема промена на ниту една важна внатрешнополитичка варијабила во Бугарија (напротив, меѓу другото, ситуацијата со ковидот им е многу влошена), бугарското вето за Македонија ѝ донесе видлива поддршка во јавноста на владата на Борисов (и Каракачанов). Таа национал-популистичка реторика во Софија само ќе расте, поттикната и од „натпреварот“ со нивната опозиција. А, потоа, политичката „инерција“ таму на темата „Македонија“ ќе трае со години, како што веќе трае со децении, бидејќи, очигледно, нема ништо ново во врска со тоа во Софија од педесеттите години на минатиот век, наваму.

Во таков контекст, прашање на ден е кога во Бугарија, предизборно или не, ќе се јави некој што ќе формулира територијални претензии кон Македонија. Факт е дека сегашната бугарска политика (и власта и опозицијата) уште отворено не „загазиле“ во тие води, но ако во Софија владее општ политички консензус дека Тито и Сталин им ги „откинале“ Македонците од бугарското национално тело, тогаш прашањето за претензии врз територијата која „оди“ со тоа „насилно де-бугаризирано“ население е само „техничко“ прашање.

Во Македонија за тоа отворено проговори албанскиот опозиционер Зијадин Села. Во оваа историска фаза, НАТО алијансата е моќен меѓународен безбедносен механизам што спречува такви опасни авантури (дури и на ниво на политичка реторика), но бугарската политичка елита силно се труди да ги држи отворени сите опции за во иднина.

Според тоа, ништо продуктивно нема да се случува во македонско-бугарските меѓудржавни односи во наредните месеци, па и години.

Тоа, сепак, не значи дека нема да има „пробив“ по прашањето на македонската евроинтеграција. Впрочем, додека го читате овој текст, „зад сцената“ во Брисел сè уште се прават притисоци врз Бугарија за повлекување на ветото. Но, за тоа нема да биде заслужна која било власт во Софија, туку силината на аргументите што, евентуално, ќе им ги образложи меѓународниот фактор, предводен од Вашингтон, на тие власти. Друго нема.

До тогаш, Македонија нема што друго попаметно да прави со Бугарија, од ова што го прави денес: стоиме на располагање за дообјаснувања и секакви добрососедски иницијативи, но не можеме да се пишеме Бугари. Сори.

Навредливо е во 21 век таквото елементарно човеково и политичко право дури и да се претставува како некаква „црвена линија“ на македонската страна.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025
CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk