Обраќање на премиерот Заев до нацијата – Ставот на Бугарија е ирационален и навредлив за Македонците. Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.
ДВ: Ескалација на реториката – Софија го обвинува Скопје за „наследен тоталитарен наратив“. Официјална Софија ја оценува како „манипулативна“ тезата дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија. Понатаму во соопштението се наведува дека, сепак, Бугарија не прифаќа афирмацијата на идентитетот на македонските граѓани да биде на штета на нејзините национални интереси.
Бучковски: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот за добрососедство. Ако инструмент за тоа е патоказот, верувам дека ќе може да биде алтака со која ќе се мерат постигнувањната, истакна Бучковски на заедничката прес-конференција со Захариева.
Захариева: Подготвени сме да најдеме решение и да бидеме вистински членки на ЕУ. Погрешно е ова да се нарекува вето, бидејќи станува збор за неодобрување на преговарачката рамка. Ние сме во деликатна фаза од нашите односи, изјави Захариева на заедничката прес-конференција со Бучковски по нивната средба.
Шидер со критика за бугарската блокада на Северна Македонија за ЕУ. Меркел очигледно го загуби своето влијание врз Бојко (Борисов), констатираше Шидер и истакна дека е очигледно дека Бугарија, како и Полска и Унгарија се обидува со блокади да добие поени на внатрешно-политичката сцена.





