ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Бугарските позиции се неразбирливи за другите, Софија е сама во ветото, Заев порачува – Ние сме градители, градиме пријателство и Европа треба да го негува македонскиот идентитет

December 10, 2020 12:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија е целосно сама во спорот со Северна Македонија, нејзините позиции се нерзбирливи за другите членки на ЕУ, што ја става во групата проблематични земји, како што се Полска и Унгарија, оценува Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи и директор на Канцеларијата во Софија.

Во поголемиот дел од изминатата деценија и половина, ЕУ генерално можеше да смета дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе дојде на помош за сè, но случувањата во текот на оваа година покажаа дека ни популарната „Мути“ не можеше да направи сè да биде подобро, оценува бриселскиот портал „Политико“.

Заев на „Утрински брифинг:

– За жал, национализмот е присутен секаде по европскиот континент, дури и во многу поразвиени демократии од нашите, и е навистина присутен, го гледаме, дава резултати овде, дава резултати во Бугарија. Мицкоски игра со национализмот и сака народот да го држи во заложништво, но ние одиме напред кон подобро утре.

– Оваа Влада овозможува широка консултација за стратешките прашања од интерес на граѓаните, но нема да дозволиме од тоа да се прави партиски политички профит.

– Ние сме градители, градиме пријателство. Ние не правиме штета на регионот, ние сме мирољубив народ. Политиката на државата е навистина европска и прифативме дијалог за прашања за кои можеме да разговараме. Остануваме посветени да најдеме решенија за отворените прашања со Бугарија.

– Нашиот македонски народ и македонски идентитет се наше право на самоопределување. Европа мора да остане на своите фундаментални вредности, европски вредности, а тоа е да ги негува сите идентитети на европскиот континент, ние овде го негуваме целиот европски идентитет, должност на Европа е да го негува и нашиот македонски идентитет.

Пендаровски: Човековите права треба да се почитуваат секаде и секогаш, без исклучок. Претседателот испрати јасна порака по повод Меѓународниот ден на човекови права во која истакнува дека поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите милиони луѓе, за жал, сеуште не ги уживаат универзалните права.

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската унија поради сегашните рестриктивни мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Европската комисија најави дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс  вети дополнителни 250 милиони долари за поддршка на развојот на нискобуџетни и полесни за доставување третмани и вакцини против КОВИД-19, јавува Ројтерс.

Продавница H&M во Стокхолм спроведува програма за рециклирање облека што врти стари влакна од веќе носена облека во нова облека.

 

 

Next Post

Вчера во Скопје санкционирани 333 возачи

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk