#Frontaaction
Секој од нас има право на избор, право на глас, право на создавање семејство, право на квалитетно образование и така натаму, ги знаеме нашите основни човекови права и ги почитуваме, нели ?
Но, освен што ги поседуваме тие права, ние мора и бескомпромисно да ги почитуваме, со цел да создадеме општество на вистински вредности кое во својата номенклатура ќе создава и ќе гаи семе исполнето со почит и разбирање кон другиот и кон различното.
Човековите права, од една страна, се занимаваат со развојот на човекот и со тоа колку луѓето се способни да го остварат нивниот целосен потенцијал во врските со нивните сограѓани. Од друга страна, човековите права ги дефинираат одговорностите на нацијата насочени кон поединците.
Човековите права треба да се почитуваат, да се заштитуваат и да се исполнуваат.
Сметам дека основните човекови права треба да се проучуваат повеќе и потемелно во нашето образование,исто така мислам дека треба секој ден се повеќе да се зборува за нив и за тоа кое е моето право и мојата обврска како човек во една општествена заедница за суштински да се помрднеме од мртвата точка на нашето егзистирање.
Баш поради сето ова а и поради Меѓународниот ден на човекови права решив да направам мала анкета на неколку мои сограѓани и да ги прашам: “Дали можат да ми кажат едно човеково право и дали некогаш им било повредено некое човеково право?
Ве сака,
В
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Б. Ј.