Хеда Габлер е претстава која што зборува за партија шах која што полека станува наш живот, за здодевноста на истиот, за страста, за лукавоста, за интригата, за смислата на животот. И за оној момент кога човек почнува да се чувствува заглавен како риба во сопствениот аквариум.
“Големите автори како Ибзен и Стриндберг остануваат премногу значајни. И одново и одново се работени во нашето време на живеење поради актуелните теми што и денес се провлекуваат помеѓу нашите различни слоеви на луѓе. Борбата за подобро место под сонцето – како главен мотив кај секој еден лик напишан. Со своите добри и лоши намери – сите се ставени на една шаховска табла наречена живот”
Дали ќе преживеат или не … зависи од толку многу работи во полето на битката … Сите нивни особености ставени на тест; повеќе или помалку волни да жртвуваат за да излезат како победници во оваа денешна – сакаме или не – партија Шах наречена која што ја нарекуваме живот. – појаснува режисерот Ризески.
Работена во тешки КОВИД околности Хеда Габлер во режија на Ѓорѓи Ризески конечно ќе ја доживее својата премиера. Денеска во 18 часот во Кисела вода Кино, според сите мерки на претпазливост. Претставата ќе биде изиграна пред одреден број публика.
Претставата е работена според текстовите на Хенрик Ибзен и Патрик Марбер.
Во претставата играат : Владанка Димковска, Александра Михајловска, Марко Трајковиќ, Бобан Алексоски и Давид Илиќ.
Сценографијата е на Мартин Манев , а композицијата на Алмир Бајрамоски.
Постерот е на Деана Андоновска, а фотографијата во самиот постер е на Philip Somniax.
Проектот е подржан од Министерство за Култура на Република Северна Македонија.







