ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Браниме кристално чисти вредности, нашата принципиелна позиција е уважена и разбрана од европските партнери

December 14, 2020 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата со пандемијата е голема пречка за европската агенда  и за дипломатијата бидејќи се оневозможени патувањата и средбите лице в лице што во дипломатијата имаат посебна тежина. Сепак, преку интензивни и секојдневни телефонски разговори и видеосостаноци една од нашите клучни мисии во овој комплициран период ја остваривме. Принципиелната позиција на државата и во стратешката определба кон ЕУ ама и во цврстиот став за тоа кои сме и што сме како сплет на две целосно компатибилни тези е уважена и разбрана од нашите европски партнери  и од земјата претседавач во изминатите шест месеци Германија, на која сакам посебно искрено да и се заблагодарам за поддршката и помошта низ овој период.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во отчетот за неговиот дел од работата во рамки на 100 дена Влада.

– Неколку пати досега кажав дека ние немаме намера да креваме раце и да бегаме. Браниме кристално чисти вредности, вредности на кои се изградени темелите на самата ЕУ и во овој дух и со оваа енергија ќе продолжиме да бараме решение со соседна Бугарија што е можно само низ призмата на заемна почит. Во меѓувреме самата европеизација на македонското општетство не смее да чека. Наш јасен фокус и план за следниот период е мапирање на неколку клучни проекти и реформски процеси што сакаме да ги реализираме во овој мандат, рече Димитров.

Тој потсети дека во октомври земјата доби како што вели, одличен извештај што ни дава признание за досега сработеното и дава поттик за иднина, но дава и јасна слика за тоа каде „си имаме мака“.

-Тој патоказ од Брисел имаме намера да го искористиме за сериозно да ги размрдаме и да влиајеме врз процесите дома. Се уште немаме јасна програмска и буџетска рамка заради тешките реговори за новиот буџет на ЕУ, но успеавме да го завршиме планирањето на европската предпристапна помош за периодот до 2027 година.Околу 300 службеници координирани од СЕП макотрпно работеа на подготовка на проекти кои тежат над 200 милиони евра само за 2021 и 2022 г. Паралелно, а по објавувањето на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан ги спрегнавме сите расположиви капацитети, механизми и ресурси за подготовка на единствена листа на големи инфраструктурни проекти од кои дел ќе бидат финансирани преку овој инструмент. Денеска оваа листа која содржи проекти како железничко поврзување по Коридорот 8 или изградба на пречистителна станица во Скопје  и формално ќе ја усвоиме на националниот инвестициски комитет и ќе ја доставиме до ЕУ и меѓународните финансиски партнери, потенцира Димитров.

Започната е рече и подготовка на политика на задржување на постоечките и привлекување нови кадри во структуирите кои ќе придонесат во зголемување на апсорбциската моќ на европските и други фондови. По цела декада СЕП, додаде, ќе направи и системска подготвка на националната верзија на европското законодавство. За таа цел денеска потпишал одлука за ангажирање на 16 надворешни преведувачки агенции со 117 лица кои ќе почнат со преведување на европското аки на македонски јазик, како една од обврските на пристапниот процес по чие заокружување, нагласи, македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на ЕУ.

Next Post

Заев: Лидерска средба до крајот на годината

НАЈНОВО

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk