ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев не ја коментира Русковска, за ветингот во судството вели дека е неопходен процес

Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Поучени од искуството од Албанија треба да знаеме дали сме подготвени, да се анализира за да не останеме без судии и обвинители. Ветигот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да го спроведуваат ветингот. Мора да се помине низ тој процес.

November 20, 2019 13:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев не сака да ја коментира вчершната најава на обвинителката Вилма Русковска дека ќе бара финансиска истрага за судиите во Апелацискиот суд кои ја пуштија поранешната сепцијална јавна обвинителка Катица Јанева во куќен притвор, пренесе МИА.

-Не коментирам за обвинителката Русковска. Прибе во својот извештај вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на веб платформата „Отворени финансии“.

Премиерот Заев повтори дека ветинг ќе има за судовите и обвинителствата, бидејќи тоа е неопходен процес што мора да се случи.

– Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Поучени од искуството од Албанија треба да знаеме дали сме подготвени, да се анализира за да не останеме без судии и обвинители. Ветигот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да го спроведуваат ветингот. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите, да се знае дека ако сме влезени да и служиме на државата, треба транспарентно да ги дадеме сите наши податоци и за нашето семејство за да го отстраниме личниот интерес, рече Заев.

Посочи дека имал и политичко ветување за реизбор во правосудството. – Аргументите беа дека немаме доволен резервоар при евентуално анулирање на одредени судии и обвинители. Ако се случи стотина да не можат да го поминат ветингот, немаме како да го пополниме тоа. Ние по систематизација во правосудството имаме 750 судии, а во моментот има 520. И ако се случи стотина да не може да го поминат ветингот ние немаме од каде да ги надополниме тие стотина, а не пак другите 200. Академијата има „тесно грло“ и не продуцира многу луѓе, рече Заев.

Верувам, додаде тој,  дека имаме квалитетни кадри со над пет години искуство, адвокати, универзитетски професори…

Премиерот Заев рече дека во врска со овој процес има позитивни сигнали и од опизицијата и оти се надева дека наскоро ќе се реализира. 

Next Post

Татиниот математичар, „дипломатските победи“ и неодговорените прашања

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk