ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реорганизацијата на државните органи клучна реформа за подобрување на јавната администрација

December 17, 2020 11:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за реформа на јавната администрација, со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница на која беа презентирани клучните постигнувања на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од страна на Европската Унија.

Премиерот Заев, како што денеска соопшти владината прес-служба, истакнал дека реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација.

– Оваа операција е нешто што историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на нивниот бројот на институции  ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и ефикасноста на јавната администрација, нагласил премиерот Заев.

Целта на проектот е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и да ги унапреди етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.

Клучните постигнувања во рамки на проектот, како и следните чекори за кои е неопходна институционална поддршка, но и поширок општествен консензус, ги презентирале Слаѓана Тасева, тим лидерот на проектот, Александар Антоновс, клучен експерт и проф. д-р. Искра Аќимовска Малетиќ, сениор експерт.

Експертите истакнале дека глобална цел е институционална реорганизација и оптимизација усогласена со заложбите во рамки на буџетските реформи и намалување на бројот на буџетски корисници. Тие ја презентирале потребата од измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и првичните согледувања за идната државна организација, базирани на досега остварената соработка со институциите.

Премиерот Заев ги задолжил министерствата да ја унапредат внатрешната комуникација со органите во состав, а посебно со агенциите и инспекторатите од областите во нивна надлежност. Тие треба да ја продолжат и воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат ја потенцирал важноста од посветеноста не само на Владата, туку и на Собранието во овој значаен процес од реформата на јавната администрација.

Министрите едногласно се согласиле дека е неопходна нивна активна вклученост.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, го презентирал нацртот на Вториот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 со Акциски план за 2019 година.

Од владината прес-служба информираат дека извештајот е усвоен и ќе биде објавен на веб страницата на МИОА.

Поради важноста на процесот, одлучено е до крајот на следната недела да се одржи продолжение на седницата, на која ќе се донесат заклучоци за следните чекори.

Next Post

МОН: Не укинуваме ниту една научна дисциплина, учениците треба да стекнат знаења и да научат да размислуваат

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk