ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За запленетите два тони марихуана повеќе информации по завршување на истрагата, вели Спасовски

December 17, 2020 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека изминатите сто дена има зголемување на откривачката дејност на наркотици во земјава, на што, како што рече, се должат и честите известувања во билтенот за откриена и запленета дрога.

Тој ова го кажа давајќи отчет за сработеното во првите сто дена на Владата во делот на Министерството за внатрешни работи, а одговарајќи на новинарско прашање на МИА да даде коментар поради се позачестените објави во билтените за заплена на марихуана, дали станавме држава во која марихуаната е предоминантна и дали сме крајна дестинација или транзит земја за натамошна препродажба.

Во јавноста актуелен е случајот за два тони марихуана кој од Валандовско беа украдени, а потоа полицајата вршеше претреси во Арачиново и други локации, но пронајде само дел од наркотикот. На почетокот на месецов полицијата заплени и 53 килограми марихуана во селото Калишта, а билтените секојдневно информираат за други случаи на приведени лица и запленета марихуана.

-Геостратешката позиција на Република Северна Македонија има многу бенефити за граѓаните, за државата, но создава и многу проблеми ако гледате не само преку шверцот и трогвијата со наркотични средства, туку и преку миграцијата или тероризмот. Тоа се се предизвици од безбдедносен аспект кои што стојат пред нас, рече Спасовски.

Тој нагласи дека ова не е појава која сега бележи некакво зголемување, туку, како што рече има сериозни зголемување на октривачката дејност во овие сто дена.

-Тоа говори дека имаме заплена на марихуана, имаме заплена на хашиш, имаме заплена на кокаин, имаме заплена на таблети, заплена на синтетичка дрога, значи секаков вид на наркотични средства, кои што минуваат. Веќе се разбиени и две организирани криминални групи кои се занимаваат со трговија на наркотични средства, дури поврзани и со државјани на Албанија и Турција. Така да многу посветено работиме во овие сто и тоа ќе го правиме и во наредниот период, посебно колегите во одделот за организиран криминал и за крим полиција, каде интензивно работат на спречување на трговијата со дрога, истакна Спасовски.

МВР во координација со јавното обвинителство на 7 и 8 овој месец презеде низа мерки и активности за расветлување на разбојништво извршено меѓу 3 и 4 декември во Валандовско, во кое се одземени 2 тони марихуана. Извршени беа претреси во Арачиново, Горно Мојанци и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата. Дел од осомичените беа приведени, полицијата досега има обезбедено докази за шестмина осомничени лица, но истрагата се проширува, изјави тогаш портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Министерот Спасовски денеска не сакаше да изнесува повеќе детали за овој случај. Напомена само дека истрагата се уште трае и оти кога ќе заврши јавноста ќе биде информирана за сите детали во врска со овој случај.

Според информациите во медиумите, фирмата од која била украдена марихуаната е Херб Индустри, која има лиценца за производство на марихуана од 2018 година. Се проценува дека украдените два тона марихуана чинат околу шест милиони евра, а доколку се произведе масло од канабис  цената би достигнала до 10 милиони евра. Марихуаната била подготвена за производство на масло од канабис за медицинска употреба.

Next Post

Ангеловска-Бежоска на ЦЕФ, Словенија: Напредокот што го направивме пред кризата ни помага во носењето на монетарните одлуки

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk