ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска на ЦЕФ, Словенија: Напредокот што го направивме пред кризата ни помага во носењето на монетарните одлуки

December 17, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизвиците што корона-кризата ги наметна на повеќе полиња и за јавниот и за приватниот сектор, како и просторот за соработка помеѓу нив за полесно справување со последиците од кризата, но и ползување на можностите коишто ги носи таа, беа тема на разговор на панел дискусијата на која учествуваше гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) од Љубљана, на тема „Навигација кон новата нормална економија“.

Ангеловска-Бежоска, на почетокот на дискусијата, се осврна на специфичноста на оваа криза, вклучително и на потребата од исклучително брзо делување и носење одлуки коишто ќе се засноваат на чести, брзи и грануларни податоци. Притоа, таа укажа на неколку фактори коишто во изминатиот период го поддржаа процесот на носење одлуки.

Прво, таа ја посочи зајакнатата координација на монетарната и фискалната политика, што е особено важно за оптимална комбинација на олабавени политики за поддршка на реалната економија, без притоа да се загрози стабилноста на фиксниот девизен курс. Понатаму, посебно ги истакна расположливите податоци за носење соодветни одлуки.

– Во изминатата деценија, глобалната финансиска криза делуваше како катализатор за збогатување на грануларните сетови податоци особено за финансискиот сектор, коишто беа клучни за согледување на предупредувачките знаци во рана фаза и преземање соодветни мерки. Нашите напори пред кризата за постојано збогатување на расположливите податоци и за усогласување со највисоките статистички стандарди значително придонесоа за олеснување на одлучувањето за монетарната политика. Потврда за напредокот е членството во највисокиот глобален статистички стандард СДДС плус во 2019 година, рече Ангеловска-Бежоска, се вели во соопштението од Нардона банка.

Понатаму, се разговарало за последиците од пандемијата врз работната околина, начинот на работа и справувањето со секојдневните предизвици.

– Во овие рамки, гувернерката се осврна на значењето на лидерството во услови на криза и на потребата за мотивација на вработените, особено во услови на криза којашто делува врз сите аспекти на нашето живеење и работење. „Општо земено, се обидуваме да го нагласиме принципот на „луѓето пред сѐ“, бидејќи сметаме дека тоа е клучот не само за справување со пандемијата, туку што е поважно, за излегувањето од неа посилни и поотпорни. Поставувањето на здравјето како приоритет опфаќа покажување емпатија и целосно препознавање и прифаќање на специфичните услови, наведе Ангеловска-Бежоска.

Во исто време, посочи таа, продолжуваме со редовната секојдневна работа, обезбедувањето непрекинатост на процесите, со повеќето развојни проекти и непрестајното справување со предизвиците што ги постави пандемијата на ковид-19 пред нас за време на нашите мандати.

– Се надевам дека со ваков однос ќе успееме да внесеме рамнотежа и да им пружиме поддршка на вработените во овие исклучително тешки моменти на закана за нашата благосостојба, наведе Ангеловска-Бежоска, се вели во соопштението од Народна банка.

Next Post

ЗОО Скопје доби нови жители – пингвини

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk