ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

December 18, 2020 14:01
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја – депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според минимумот европски стандарди, пишува „Мета.мк“.

Податоците на Државниот завод за статистика и на новиот нацрт-Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 година, покажуваат дека активни во моментов се вкупно 43 општински депонии, кои се нестандардни и за кои не е издадена никаква интегрирана еколошка дозвола за нивно функционирање. Овие депонии лоцирани во над половина од македонските општини се опасност по животната средина, а со изградбата на регионалните депонии, тие треба да се затворат. Стратешкиот документ предвидува овие регионални депонии да бидат изградени наредната деценија во нашата земја.

Сепак, статистичките податоци во Извештајот „Регионите во Република Северна Македонија 2020“ покажуваат дека најмногу создаден, а несобран отпад во земјава, создаваат оние региони каде што во изминатиов период постоеше и најголем отпор од изградбата на регионалните депонии. Па така, во Југозападниот плански регион лани биле создадени 162.000 тони комунален отпад, и тоа за само 6.000 тони помалку во споредба со Скопскиот регион. Сепак, во главниот град и приградски општини биле собрани 165.000 тони комунален отпад, додека како создадени а несобрани биле само 3.000 тони.

За разлика од ова, во Југозападниот плански регион во 2019 година биле собрани само 43.000 тони комунален отпад, додека е нејасно каде завршил преостанатиот комунален отпад. Токму во овој регион, Општина Дебрца минатата година успеа да ја издвојува битката против државата, и да ја сопре планираната изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на територијата на оваа општина.

Статистичките податоци покажуваат дека Пелагонискиот и Полошкиот плански регион се двата региони кои исто така создаваат големо количество на отпад, а до денешен ден немаат изградено регионални депонии за негов современ третман. Па така, во Пелагонискиот регион биле создадени 139.000 тони комунален отпад, од кои биле собрани 112.000 тони. Во Полошкиот плански регион домаќинствата и компаниите создале 135.000 тони ваков неопасен отпад, но биле собрани 89.000 тони од него.

„Мета.мк“ веќе пишуваше за децениското одолговлекување на изградбата на регионалните депонии во земјава, за што постојано критики добиваме и од Европската комисија. Колку за споредба, дури и некои земји од Западен Балкан успеаја во деценијата зад нас да не престигнат во воспоставувањето на регионален систем за третман на отпадот. Србија, на пример, од 29 регионални санитарни депонии што треба да изгради низ целата земја, до минатата година има изградено 10 регионални депонии, пишува сервисот на Би-би-си на српски јазик. 

 

Next Post

Бектеши: Туризмот со ваучерите доби 400 милиони денари, за угостителите се бара решение за дополнителна помош

НАЈНОВО

онкологија

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

November 6, 2025
Фото: Собрание

Средба на Гаши со претставници на ДИК: Повторувањето на изборната постапка во четирите општини ќе биде поизвесно по одлучувањето на ДИК по поднесените приговори

November 6, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте – Силувавте! Карпош го украдовте!

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk